Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Вицепремиерот Пешевски медијатор во спорот со ЕВН

Позитивни сигнали од ЕВН за решавање на проблемите со Владата

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, в раце го има „најжешкиот костен“, да ги ублажува односите во спорот меѓу ЕВН и државата. Тој деновиве потврди дека прашањето со ЕВН е комплексно и се одвива на неколку полиња. Според него, се' уште Владата е далеку од решение на проблемот, но, смета дека доколку не постои комуникација тешко би можело да се најде заемно прифатливо решение.

„ЕВН е само една од институциите со чии претставници се сретнував во изминатиот период на таа тема. Одржав многу состаноци внатре во Владата, со определени институции, со цел да се запознаам со проблемот. Станува збор за решавање, мислам дека се' уште сме далеку од решавање на проблемот, но доколку не контактирате со другата страна многу е тешко да се најде заемно прифатливо решение“, изјави Пешевски деновиве.

Позитивни реакции за решавањето на проблемите меѓу Владата и ЕВН пристигнуваат и од првиот човек на ЕВН, Георг Валднер. Тој во изјава за „Утрински весник“ вели дека од разговорите со вицепремиерот Пешевски почувствувал оти и двете страни се свесни оти сите отворени прашања мора да се надминат.

„На состаноците со новиот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, искусив нов начин на комуникација и пристап кон проблемите на ’ЕВН Македонија‘. Овој начин на комуникација со Владата би можел да биде добар почеток за надминување на сите отворени прашања, во интерес на граѓаните“, изјави Валднер.

Инаку, ЕВН се' уште не ја добиле одлуката од Апелацискиот суд дека е укината пресудата на првостепениот суд, со која австриската компанија требаше да им исплати на државните електрани околу 200 милиони евра, врз основа на наплатени сметки за струја заостанати од времето на ЕСМ.

И Пешевски не сакаше да го коментира судскиот епилог со кој Апелација го врати на основен суд спорот за старите ненеплатени побарувања на релација ЕЛЕМ – ЕВН, иако Австријците поради овој случај поднесоа тужба против Македонија пред Меѓународната арбитража во Вашингтон. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 488 пати.

Испрати коментар

Од: Slavica
Датум: 07.09.2009 00:10:47
Direktorot na SEAF se ocekuva da go resi problemot so EVN! Pri toa se ocekuva nesebicna pomos na kadrite od FZOM!
Од: Aco
Датум: 07.09.2009 06:48:12
Bravo za gospodinot Pesevski najdobar e od site go biva se dokazal za se
Од: Zoran
Датум: 07.09.2009 10:33:21
Dali Cingovski ke ima doblest da si dade ostavka,ili ke ceka skrien vo kancelarija da go smenat.Toj ja zapocna kavgata falejki se deka e ova dobien predmet.
Од: Ози
Датум: 07.09.2009 10:48:54
Едно е сигурно, Бранко замешал прсти во одлуката на Апелациониот суд. Само се чудам како уште не ги обвиниле судиите дека се комуњари и предавници..
Од: verag
Датум: 07.09.2009 10:51:35
Па нели Груевски изјавуваше дека Владата не се меша во судски спор меѓу две компании? А тоа што едната е државна за него нема значење. Па кој ги контролира државните компании ако не министрествата- значи Владата. Јас се сќавам дека тој излегуваше со став дека сме во право за овој спор и дека ќе го добиеме. А сега кога го губиме, одеднаш нема никаква врска со спорот.
Од: јас
Датум: 07.09.2009 11:58:00
Уште една „ОКТА “ на оваа несалам Влада!!! Македонијо , пак ТИ ќе платиш за дилетантските грешки на дечурланава во Влада!!
Од: agi
Датум: 08.09.2009 00:35:15
da ne bese slucjno pretsedatelot na apelacija kaj gruevski na kafe muabet pred izvesno vreme?aaa sto ako evn ne ja povlece tuzbata koj ke plaka penalii?zosto se inaetea so sdsm za zakonot za energetika koga sega ke go menuvaat?e pa jasno e kaj ovaa vlada vazi zakonot, ej!pu pu nevazi.site zakoni gi menuvaat kako corapi,a vo drzava kade se menuvaat zakoni za sekunda neznam kade e napredokot.

Најди! во Утрински
Економија
Со пари ќе се носат странски инвеститори
„Алди“ ги освојува Американците
Бугарија се преиспитува околу енергетиката
Чесите работат се' за да ја преживеат кризата
Годинава затворени 89 банки во САД
Компромис за банкарските бонуси