Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Скарлет Јохансон

Почнаа брачните проблеми?

Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс, најверојатно, се најспомнуваниот пар во изминатата недела низ медиумите. Тој е најсекси маж на светот, според изборот на списанието „Пипл“, а таа е „парче“ на годината, според изборот на „Џи кју“. Дали тоа има врска со ласкавите титули што двајцата ги добија оваа година, или не, но некој од кругот на нивните пријатели на медиумите им изјавил дека нивниот брак е разнишан. Имено, обајцата се толку зафатени и претрупани со обврски така што распоредот ги држи на дистанца.

Рејнолдс, исто така, не се појави во ТВ- емисијата „Сатрдеј најт лајв“, што минатиот викенд ја водеше Скарлет, што многумина го препознаа како прв знак на дупки во брачната заедница.

Но, без оглед на гласиштата, парот од бајките нема никакви коментари. Рејнолдс, наводно, во петокот одлетал во Њујорк да го прослави 26. роденден вчера, на 22 ноември, а нејзиниот на 23 октомври го прославиле во ресторан заедно со роднините на Скарлет.


#
Статијата е прочитана 2205 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Господ е жена!
Еден куп статуети за младиот Џастин Бибер
Бара да и' се намали бујното деколте
Единците се посреќни од децата со браќа и сестри
Изгубен во рок-музиката
„Цитроен“ ДС-3 - иднина во знак на „божицата“
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial