Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Џана Нанини

Господ е жена!

Италијанската рокерка, која ќе стане мајка првпат во 54. година од својот живот, позираше бремена за насловната на „Венити фер“ со маица со провокативен натпис

„Господ е жена!“ е провокативниот натпис на маицата со која италијанската рокерка Џана Нанини во поодмината бременост се сликаше за насловната страница на италијанското издание на „Венити фер“.

Популарната пејачка, која македонската јавност ја помни и по дуетот со Тоше Проески - „Арија“, носи девојче на кое веќе му го даде и името Пенелопе. Нанини напиша писмо со кое и' се обраќа на својата неродена ќерка и со тоа го прекина долгиот медиумски молк и полемики на тема на својата бременост.

„Те нареков Пенелопе...“, и' се обраќа Нанини на својата ќерка. „Зашто те чекам многу порано отколку што дојде во мојот живот. Сакав да бидам наполно подготвена. Трипати не бев, но сега сум. Ти, најголема љубов на мојот живот, ми доаѓаш по длабока болка и шок. Слепо верував, чувствував натчовечка сила и те сакав толку силно што сега додека ти го пишувам ова, те чувствувам со целото свое битие. Бог е жена. Во тоа сум сега уверена. А наскоро за нејзините доброчинства ќе сведочиме ние две - заедно...“, во топол емоционален занос, сосема разбирливо за мајчинство во поодминати години, пишува рокерката која својот најнов албум „Ти и јас“, што ќе излезе на 11 јануари идната година во целост и' го посвети на Пенелопе.

Го снимаше за време на бременоста, а најавниот сингл ќе засвири во етерот веќе на 3 декември. „Ми се допаѓа да размислувам за тоа како ти и јас засекогаш ќе останеме заедно во оваа химна на љубовта, најголемата која една жена може да ја посака и да ја избере по слободна волја“, заклучува Нанини во своето обраќање до ќеркичката.

Впечатливата фотографија за насловната страница во најновиот број на италијанскиот „Венити фер“ ја сними Жан Баптисте Мондино, фотограф и режисер на музичките спотови на Мадона, Принц и на Дејвид Боуви.


#
Статијата е прочитана 1334 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 23.11.2010 15:46:29
Deka Gospod e navistina zena ..jas si znam ...se znae od kade OD DOMA....!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! a veruvam i vie sto go citate ova...!!!

Најди! во Утрински
Забава
Почнаа брачните проблеми?
Еден куп статуети за младиот Џастин Бибер
Бара да и' се намали бујното деколте
Единците се посреќни од децата со браќа и сестри
Изгубен во рок-музиката
„Цитроен“ ДС-3 - иднина во знак на „божицата“
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial