Џорџ Буш
Изгубен во рок-музиката
Бившиот американски претседател Џорџ Буш во своите мемоари „Десишн поинтс“ го помешал фронтменот на групата „У2“, Боно, со американскиот пејач од седумдесеттите години на минатиот век, Сони Боно, кој подоцна се занимаваше со политика.
„Бев скептичен кон славните личности, кои наводно се залагаат за некои актуелни работи од општ интерес, само за да напредуваат во кариерата“, пишува Буш и додава дека Боно набрзо му докажал дека некои работи му се поважни од публицитетот.
„Знаеше се' за нашиот буџет, ги разбираше фактите, беше добро информиран за предизвиците во Африка“, запишал тој по средбата со ирскиот рокер во Белата куќа.
Кога по разговорот советниците го прашале дали знае со кој славен пејач разговарал, Буш одговорил дека мисли дека Боно бил „оној што бил женет со Шер“, пренел магазинот „Класик рок“. |