Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Автомобили

„Цитроен“ ДС-3 - иднина во знак на „божицата“

Новата ера на „Ситроен“ со ДС-3 започна. Елегантниот имиџ ја потенцира екстраваганцијата на „божицата“, симбол на екстравагантноста и иновативноста на француската марка

Владимир Ристовиќ

На тоа се надоврзува слоганот „анти реторо“, кој кажува дека божествените карактеристики, напредната технологија, исклучителниот дизајн се задржани, но сето тоа е надградено со нов современ стил, врвна технологија и топ-квалитет на материјали и изработка. Ова е нова „божествена серија што го лансира „шевронот“ во премиум-лигата. Новата линија возила на „ситроен“ со ознаката ДС стартува со ДС-3 . Ексклузивитетот има и голем број можности за персонализација со различни комбинации на бои и шари на покривот, каросеријата, куќиштето на ретровизорот, бандажите, облогите и лакот во ентериерот, рачката на менувачот...

ДС-3, до доаѓањето на ДС-4 и ДС-5 е најатрактивен модел на „ситроен“. Влезот во „нобл“-лигата е агресивен. Благородни материјали, врвна техника, квалитет на изработка и забава во возење, и тоа по пониска цена од таа на конкуренти во премиум-лигата. Дизајнот на ДС-3 е елегантен и впечатлив. Исклучивоста и бескомпромисот потсетуваат на „старата божица“. Оригинална појава што ве тера да се завртите по неа кога ќе помине крај вас. ДС-3 и изведен од Ц-3, но освен меѓуоскиното растојание и надворешните димензии, нема големи сличност. Можеби малку во предниот дел и предните светла, магленки. Мала разлика и во маската на ДС-3 со издолжен хромиран „шеврон“ при врвот. Дистинкцијата е веднаш забележлива во дневните ЛЕД светла, крај магленките, на самиот раб на возилото. Овој детаљ дава агресивна моќна нота на автомобилот, кој ги голата километрите. Страничната силуета е дијаметрално различна. ДС-3 е спортска комби лимузина, со три врати. Спортски дизајн на вториот страничен прозорец и средниот носач се поистакнати, но затоа, пак, задниот како да се слева со крајната линија. Големата странична врата во стил на купе, нудат полесен пристап во внатрешноста. Но, влезот на задната клупа и така е непрактичен за повисоки лица. Тука за возрасните е комфорно само на пократки релации.

Ентериерот на ДС-3 е луксузен. Раскошот паѓа в очи веќе при првиот контакт. Луксузна инструмент-табла. Пијано, лак, квалитетна мека гумирана пластика, хромирани елементи, нагласена благородност. Багажникот е со волумен од 285 литри, до 980 литри со преклопени задни седишта.

Моторот 1,6 ВТ и бензинец, резултат на соработката меѓу ПСА и БМВ, со 120 КС е економичен, но по малку инертен на ниски вртежи. Мануелниот петстепен менувач е прецизен. Топ-брзината е 190 км/ч, а до „стотка“ забрзува за 8,9 секунди. Просечната потрошувачка изнесува осум литри на 100 км.

„Ситроен ДС-3“ е примамлив модел со исклучителен дизајн. Од стартот ја гради позицијата на имиџ-автомобил. Освојувач пред кој не се рамнодушни ниту мажите ниту жените возачи. Спортски линии, благородни материјали, квалитетна изработка, економичен мотор, добри перформанси, одлична понуда за 18.500 евра. Конкурентите се поскапи.

„Мицубиши аутлендер“ со помоќно „срце“

„Мицубиши“, како и сите „кармејкери“, излез од економската криза ја бараше во стратегиски сојузи со другите производители на возила и во развој на нови модели. Таков модел е втората генерација на SUV „аутлендер“ направен на заеднички развиената платформа со „крајслер“, со заеднички бензински мотор со „хјундаи“. Но, недостасуваше добар дизел-мотор. Привремено решение беше соработката со „фолксваген“, а потоа и со ПСА („пежо“ - „ситроен“). Деновиве на нашиот пазар „Мицубиши“ лансира сопствен, помоќен и почист дизел-мотор во „аутлендер“. Јапонците нудат сопствени дизели во „ASX“ и „лансер“ со зафатнина од 1,8 литри и 150 кс, а во „аутлендер“ од 2,2 литра и 177 кс. Токму таков „аутлендер“ имавме на краток тест до Демир Капија и винарницата Попова Кула и назад. Моќниот мотор со 177 кс и 380 Нм вртежен момент се покажа економичен со потрошени 6,3 литри на 100 км. Новата „Mivec“ технологија има добри ��ерформанси: забрзувањето до 100 км/ч за 9,8 секунди и максималните 200 км/ч. Цената од 22.680 евра за верзијата со основен „инвајт“ пакет на опрема.

„Мак ауто стар“ со сопствена лизинг-линија

„Мак ауто стар“ ја промовира работата на своето новоформирано финансиско одделение „Мастер лизинг“, кое има задача финансирање на продажбата на новите возила од марките што ги застапува македонскиот импортер („мицубиши“, „мерцедес џуп“ и „крајслер“). Така за популарниот „мицубиши лансер“, со учество од 3.000 евра и месечната рата од 136 евра за петгодишен договор во оперативен закон. Може да станат сопственици на овој модел ако по истекот на закупот, ја доплатат и остатанатата вредност од околу 3.000 евра. Пресметано, вкупниот износ на каматата за пет години изнесува околу 1.100 евра, сума што се преполовува ако се земе предвид дека иницијални трошоци за преземање на возилото (одобрување лизинг, прва регистрација и осигурување) се на товар на „Мастер лизинг“.

„Октавија тоур“ замина во историјата

По цели 14 години, на пазарот првата „шкода октавија“ конечно замина во историјата. „Октавија тур“ уште во 2004 година доби наследник, но поради интересот на купувачите, до денес остана во понудата на „Шкода“. Со речиси 1,5 милиони произведени возила од првата генерација на „октавија“, таа е еден од најуспешните модели на чешката компанија.

Замената е веќе подготвена, а тоа е новата „октавија тур“ од моделската 2011 година, односно стара верзија на актуелната, „втора октавија“. Ќе се нуди во две каросериски верзии и со три Еуро 5 мотори. Двата бензински мотора с�� сила од 80 КС (1,4Л) и 102 КС (1,6Л), а двелитарскиот „комон реил дизел“ со 110 кс.

Пристигна новиот „киа спортаж“

KMM („Киа моторс Македонија“) од Скопје, овластен импортер на програмата на „кија“ за нашата земја, беше промовиран „кија спотаж“, нов SUV на корејската марка. Современиот дизајн, богатата опрема, квалитетната изработка и новите агрегати, од кои на нашиот пазар ќе бидат застапени два дизел и два бензински со сила од 115 до 156 КС. Имплементирана е напредна технологија: старт/стоп систем, шест воздушни перници, АВЅ, ЕЅР, „Hill start assist Control„ и „Down Hill Breack Control“… Новото подвозје и потпирање со McPherson напред и мулти линк независно назад овозможува одлична управливост. „Спортаж“ е современ урбан теренец што се нуди на пазарот со погон на две и на сите четири тркала, со шестстепен мануелени или опционално автоматски менувач. Цената за стартниот модел до 1,6-литарски бензинец, со погон на предни тркала е 16.50 евра, што со гаранција во траење од пет години, односно 150.000 изминати километри е добитна комбинација.

„Порше 911 спидстер“ распродаден

Откако неодамна беа распродадени сите 500 примероци од моделот „911 GT2 RS“, „Порше“ соопшти дека се распродадени и сите 356 единици (во чест на некогашниот модел „356 спидстер“) од моделот „911 спидстер“, кој свое деби имаше на салонот во Париз. Двоседот со погон на задните тркала е достапен во бела и во сина боја, со 3,8-литарскиот мотор со шест цилиндри со 408 коњи. Ексклузивната серија има и ексклузивен пакет од „Поршер“ керамик-композитни сопирачки (PCCB) , „Порше актив суспенжн менаџмент“ (PASM) и менувач со двојна спојка „Порше даблк кумплунг“ (PDK). Максималната брзина на овој елегантен „спидстер“ е 305 km/h, а од место до стотка забрзува за 4,4 секунди.

Испораката стартува во декември, а во Германија оваа лимитирана серија, можеше да се набави за 201.682 евра.

„Ауди“ го подготвува „А-9“

Од „Ауди“ протекоа информации дека компанијата работи на нов модел, „А-9“, што на пазарот би требало да биде претставен во 2015 година. Станува збор за луксузен автомобил, за четворица патници и треба да биде поставен на платформа што ќе ја користи и идниот „бентли купе“ со четири врати. „А-9“ стандардно ќе има погон на задните тркала, а опција е кватро погон. Се очекува и хибридна варијанта со 500 кс и максимална брзина од околу 300 км/ч. Цената засега е непозната.


#
Статијата е прочитана 659 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Господ е жена!
Почнаа брачните проблеми?
Еден куп статуети за младиот Џастин Бибер
Бара да и' се намали бујното деколте
Единците се посреќни од децата со браќа и сестри
Изгубен во рок-музиката
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial