Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Заврши истрагата за убиството на докторката Угриновска

Со психијатриското вештачење на лекарот Михајло Ламбевски, предметот е комплетиран

Љубиша Станковиќ

Психијатриското вештачење на лекарот Михајло Ламбевски (62), осомничен за свирепото убиство на директорката на Заводот за рехабилитација, вчера пристигна во Кривичниот суд, со што се комплетираше вештачењето за смртта на докторката Лилјана Угриновска-Груевска.

Со дополнението на психијатриското вештачење, судот ја комплетираше истрагата, која веќе неколку месеци се води за осомничениот Ламбевски. Сега се очекува предметот да биде испратен до скопското Јавно обвинителство, кое ќе треба да поднесе обвинителен акт за докторот Михајло Ламбевски. Неодамна од Психијатриската клиника беа доставени вештиот наод и мислењето до судот, но судот побара негова доработка, бидејќи лекарите не одговориле на прашањата што ги побарал судот, а се однесуваа на здравствената состојба на осомничениот. Токму поради ова, судот побарал од Клиниката да се дополни вештачењето.

Во меѓувреме, судот уште еднаш му го продолжи притворот на осомничениот Ламбевски, каде што се наоѓа од денот на убиството, односно од 19 мај годинава.

Трагичниот настан во кој животот го загуби директорката на Заводот за рехабилитација во скопската населба Капиштец се случи во претпладневните часови кога во канцеларија на Лилјана Угриновска-Груевска, влегол нејзиниот колега со нож во рацете. Тој се нафрлил врз директорката, нанесувајќи и' дваесетина убоди во градниот кош, вратот и во стомакот.

Со тешки повреди и во коматозна состојба, директорката беше префрлена во Клиничкиот центар, но и по неколкучасовен обид, не успеаја да и' го спасат животот. Ламбевски беше приведен, а како можен мотив за убиството се споменуваа наводни недоразбирања што постоеле меѓу нив.


#
Статијата е прочитана 2034 пати.

Испрати коментар

Од: dragan
Датум: 22.09.2010 10:55:16
a,sto stana so toj telohranitelot sto utepa peznioner?

Најди! во Утрински
Хроника
Струмица - Радовиш пат на смртта
Извештајот на странскиот експерт за хеликоптерот ќе доцни
Малолетник силувал деветгодишно девојче
Украден накит од 30.000 евра



"""