ТЕТОВО - Мало невнимание на семејство од тетовското цело Палатица ги чини околу 30.000 евра. Откако во неделата околу 20 часот се вратило од свадбена веселба, целото семејство, наместо во куќата, останало во помошна просторија до семејната зграда. Во меѓувреме, тие го заборавиле клучот на влезната врата, а снаата го оставила накитот во две кутии во една од спалните соби. Непознатите крадци вешто ги искористиле времето и ситуацијата, влегле во куќата, ја пребарале, ги пронашле двете кутии со накит и побегнале.
Полицијата извршила увид и презема мерки за пронаоѓање на крадците и за целосно расветлување на случајот. (Г.Е.)