Малолетник силувал деветгодишно девојче
Седумнаесетгодишник од Виница намамил деветгодишно девојче во својот дом, каде што му ја затворил устата со рака и го силувал. Насилството се случило завчера, во домот на малолетникот Е.А.
Според полицијата, тој околу 15,30 часот дошол во дворот на куќата во која живее деветгодишното девојче и го намамил да дојде кај него дома, прелажувајќи го дека ќе и' покаже слики од неговото бебе. „Потоа ја потегнал за рака и ја однел во една од собите од својата куќа, каде што присилно ја задржал да биде со него. Потоа едната рака и' ја ставил на устата за да не вика и извршил полов напад. По кратко време ја пуштил да си оди дома“, информираат од МВР за најновиот случај на силување дете, што ја шокираше виничката јавност.
Откако девојчето им кажало на родителите што се случило во домот на тинејџерот, тие насилството го пријавиле во полициската станица „Виница. Специјалист по гинекологија и акушерство извршил преглед врз девојчето, при што е констатирана дефлорација на половиот орган и телесни повреди.
По овластување од јавен обвинител и истражен судија за малолетници од Основниот суд - Кочани, увидна екипа од полициската станица „Виница“, во присуство на социјален работник и адвокат за малолетници, е извршен увид и се преземаат мерки за решавање на случајот. (Х.Р.)
|