Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Манчестер Ј. тргнува во одбрана на тронот

Викендот стартува новата сезона во англиската Премиерлига, Челзи, Манчестер С., Арсенал и Ливерпул со свои адути во битката за титула

Тргнува новата сезоната во англиската Премиерлига. Иако фудбалот овие денови е во втор план на Островот и прва асоцијација на Англија се уличните немири во Лондон, сепак, „буба-марата“ викендот ќе почне да се тркала низ фудбалските тревници. Сите кандидати за титулата во новата сезона влегуваат освежени на овој или оној начин, а имајќи го во предвид искуството со Англичаните од минатите години можно е вистинските трансфер бомби да пукнат кон крајот на август. Но, дури и да не се случи тоа има сосема доволно материјал за неизвесна потера по премиерлигашкиот трофеј. Фергусон сега го има Ешли Јанг, Челзи со „новиот Дрогба“ во Лукаку доби и „нов Мурињо“ во Андре Вилјаш-Боаш и притоа пројави интерес и за нашиот Горан Пандев, Манчестер сити потроши многу милиони, Далглиш направи револуција на „Енфилд роуд“, Арсенал не штедеше пари на Жервињо и може да има целосно нов костур на тимот.

Ланската сезона за сер Алекс Фергусон беше една од најважните во кариерата. Го водеше Манчестер јунајтед до рекордната 19 титула. Оттука е јасно дека Шкотланѓанецот нема да се согласи на ништо помалку од тоа и во сезоната што е пред нас која му е важна и на приватен план. „Стариот лисец“ ќе го прослави 70 роденден, а покрај славеничка торта во декември ќе сака да види и солидна бодовна залиха што ќе го води кон нов пехар. Вели дека за тоа ќе бидат потребни 84 бода. Средниот ред и оваа сезона ќе го држи Дарен Флечер. Покрај него Керик и Андерсон, своите 5 минути ќе ги чека и Клеверли. Освежување има и во дефанзивната линија. Заминаа ислужените Вес Браун и Џон О'Шеј, но на „Олд Трафорд“ останаа Видиќ и Фердинанд. Во ротациите почесто ќе биде Крис Смолинг и неговиот соиграч од младата репрезентација Фил Џонс. Тука се и близнаците Фабио и Рафаел и Евра и Еванс. Меѓу стативите пристигна Дави де Геа како замена за Едвин ван дер Сар, во офанзивата Нани, Ешли Јанг, Бебратов, Руни и Валенсија. Сите тие го прават составот на Јунајтед главен фаворит за титулата во Премиерлигата.

Број два е Челзи. Наследникот на Мурињо, Андре Вилјаш-Боаш, добро знае дека само титули може да го одржат на „Стемфорд бриџ“, тој пак во изминатите сезони покажа дека знае како до нив и дома и во Европа. Од Анчелоти наследи тим чиј главен адут е искуството, но и главна мана староста. Па, затоа се очекуваа барем уште две засилувања од кои едно може да биде нашиот Горан Пандев од Интер, но како најголем приоритет на раководството на клубот е обезбедување на потписот на Лука Модриќ кој треба да биде главен креативец на „сините“.

Во тек е голем ремонт во Ливерпул. „Кралот Крени“ го орасположи популарниот Коп, брзо придоби симпатии и доверба кај новите сопственици на „црвените“ кои му ветија големи средства за засилувања. Во контекст оди и одлуката во Ливерпул да се реш и баластот на играчи кои го цедња клупскиот буџет, а не носеа никакви новитети. Клубот е активен на фудбалската берза и од голема помош за стигнување на минусот од 22 бода во однос на јунајтед во ланското првенство ќе биде фактот дека „црвените“ оваа сезона ќе немаат настапи во Европа, па оттука и очекувањата дека за пласман на едно од позициите кои водат во ЛШ догодина. На „Енфилд роуд“ дојдоа Даунинг, Хендерсон и Адам за целосно нов среден ред на Ливерпул. Од триото се очекува да ги храни со топки Луис Суарез и Енди Керол и ќе има доволно време да се наметне бидејќи сезоната за „црвените“ ќе почне без повредениот Жерар.

Многу пари потроши Манчестер сити. Како покритие беше потпиша неверојатен договор со „Итихад“, па Роберто Манчини доведе неколку принови. Шеиците, секако, очекуваат многу. Во одбраната пристигнаа Гаел Клиши и Стефан Савиќ, летна трансфер бомба беше ангажманот на Серхио Агеро од Атлетико (М), викендот може да одекне уште една од причина што блиску до потпис со „граѓаните“ е Самир Насри. Дури и да не се остварат најавите, сепак, Италијанецот располага со доволен фонд на квалитетни играчи за реализација на клупските амбиции.

Арсенал дефинитивно се наоѓа на раскрсница. „Топчиите“ веќе неколку години не знаат за трофеј. Лани беа на вистински колосек кон четири титули, но се тргна низ брдо по поразот од Бирмингам во Карлинг купот. Ако летово замине Сеск Фабрегас, сите се надеваат дека парите ќе се потрошат на Жадсон од Шахтјор и Хуан Мата од Валенсија, а улогата на лидер веројатно ќе ја добие Робин ван Перси. Арсен Венгер повторно следеше тинејџери и ги обезбеди услугите на Окслејд-Чембрлен, го доведе Жервињо. Се чека потврден одговор и од Јагиелка, Гери Кејхил и Крис Самба. Венгер и покрај сите проблеми, сепак, очекува да вродат со плод напорите за квалитетно пополнување на дефанзивната линија, вклопување на реновираниот среден ред како предуслов за подобар резултат од лани и добивање време за натамошни експериментрирања на „Емирати“.

Сметките на Манчестер јунајтед, Челзи, Луверпул, Манчестер сити и Арсенал ќе се обидат да ги помрсат Тотенхем и амбициозниот Евертон. Мешаница ќе има во средината на табелата, дел екипи од кој најдобри изгледи има Сандерленд. Доста се очекува од Стоук и Блекбурн исто така. Кон топ 10 тежнее и Фулам, со слични сметки се и ВБА и Болтон. Во втората половина од табелата гравитираат Њукасл, новајлијата во лигата, Квинс Парк Ренџерс, Свонси, Норич, Вулверхемптон и Виган. На самото дно изненадувачки лесно може да се најде Астон Вила која отпушти многу играчи од ланскиот ростер, дојдоа само Н'Зогбија и Гивен, од „Вила парк“ замина и менаџерот Мартин O'Нил.

Премиерлига, 1. коло

Сабота: Блекбурн -Вулверхемптон, Фулам - Астон Вила, Ливерпул - Сандерленд, Квинс Парк Ренџерс - Болтон, Виган - Норич (16 ч.), Њукасл - Арсенал (18,30 ч.). Недела: Стоук - Челзи (14,30 ч.), ВБА - Манчестер јунајтед (17 ч.). Понеделник: Манчестер сити - Свонси (21 ч.).

Одложен меЧот Тотенхем - Евертон

Раководството на англиската фудбалска Премиерлига објави дека овој викенд ќе се одиграат девет од предвидените 10 натпревари во воведното коло. Одложен е само мечот во Лондон меѓу Тотенхем и Евертон што ребаше да се игра во денеска на „Вајт Харт Лејн“. Причина за тоа се уличните нереди во главниот град на Велика Британија.

Челниците на спарси порачаа дека натпреварот нема да се игра од безбедносни причини, а одлуката е донесена по консултација со градските власти и полицијата.

Челзи

Дојдоа: Ромелу Лукаку (Андерлехт - 22 млн. евра), ТибоКуртоа (Генк - 9 млн.), Ориол Роме (Барселона Б. - 5 млн.), Лукаш Пијажон (Сао Паоло - 7.5 млн.), Слободан Рајковиќ и Матеј Делац (вратени од позајмица)

Заминаа: Јури Жирков (Анжи - 15 млн.), Немања Матиќ (Бенфика - 5 млн.), Мајкл Мансијен (Хамбургер - 2,5 млн.), Фабио Борини, Џек Корк.

Манчестер Јунајтед

Дојдоа: Давид де Геа (Атлетико М. - 20 млн. евра), Фил Џонс (Блекбурн - 19,3 млн.), Ешли Јанг (Астон Вила - 18 млн.), Федерико Македа (се врати од позајмица)

Заминаа: Џон O'Шеј и Вес Браун (Сандерленд - 4,5 млн./1,5 млн.), Габриел Обертан (Њукасл - 3,4 млн.), Бебе (на позајмица во Бешикташ), Едвин ван дер Сар и Полс Сколс (завршија кариера), Овен Харгривс (без ангажман), Ники Ајосе, Кори Еванс, Џо Џаџн.

Манчестер Сити

Дојдоа: Серхио Агеро (Ателтико М. - 45 млн. евра), Стефан Савиќ (Партизан - 12 млн.), Гаел Клиши (Арсенал - 7,75 млн.), Костел Пантилимон (Темишвар - 6,5 млн.), Емануел Адебајор (се врати од позајмица во Реал М.).

Заминаа: Жером Боатенг (Баерн М. - 13,5 млн. евра), Шеј Гивен (Астон Вила - 3,75 млн.), Фелипе Кајседо (Леванте - 1 млн.), Патрик Виера (заврши кариера), Жо, Џејмс Пул, Скот Кеј, Ендрју Тут, Шејлум Логан.

Ливерпул

Дојдоа: Стјуарт Даунинг (Астон Вила - 22,8 млн. евра), Џордан Хендерсон (Сандерленд - 18 млн.), Чарли Адам (Блекпул - 8,4 млн.), Дони (Рома - слободен играч), Емилијано Инсуа (Галатасарај), Алберто Аквилани (Јувентус), Филип Деген (Штутгарт), Набил ел Жар (сите четворица како позајмени фудбалери).

Заминаа: Пол Кончески (Лестер - 1,7 млн. евра), Милан Јовановиќ (Андерлехт - 800.000), Томас Инс.

Арсенал

Дојдоа: Алекс Окслејд-Чембрлен (Саутемптон - 13,8 млн. евра), Жервињо (Лил - 9 млн.), Карл Џенкинсон (Чарлтон - 1,125 млн.), Арман Траоре и Френсис Кокјулин (вратени од позајмица)

Заминаа: Гаел Клиши (Манчестер сити - 7,75 млн.), Јенс Леман (заврши кариера), Марк Рендал, Џеј Емануел Томас.


#
Статијата е прочитана 640 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Смилевски се заканува со самозапалување
Нов предизвик за Петар Стојчев
Кадел Еванс меѓу своите Австралијци
Ставрев ќе го суди мечот Г. Ренџерс-Марибор
Цонга повторно го порази Федерер

"""