Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Цонга повторно го порази Федерер

Жо Вилфред Цонга повторно го совлада Роже Федерер, овојпат во осминафиналето на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Монтреал. Французинот овојпат славеше со 7:6, 4:6, 6:1.

Федерер не успеа да искористи ниту една од трите брејк можности вклучувајќи и една сет топка, а Цонга имаше мирни раце во тај-брејкот и заслужено обезбеди водство во првиот сет. Во вториот рано стигна до брејк и ја сочува предноста, додека во третиот Французинот експресно „избега“ на 5:0 препуштајќи му само еден гем на големиот ривал за трет триумф во седумте меѓусебни дуели досега.

Монтреал, Мастерс 1000

Резултати од осминафинале: Ѓоковиќ (1., Србија) - Чилиќ (Хрватска) 7:5, 6:2; Вавринка (14., Швајцарија) - Андерсон (Ј. Африка) 6:4, 4:6, 6:4; Бердих (7., Чешка) - Карловиќ (Хрватска) 6:3, 7:6; Типсаревиќ (Србија) - Додиг (Хрватска) 6:1, 6:4; Монфис (5., Франција) - Троицки (Србија) 3:6, 7:6, 7:6; Фиш (САД) - Гулбис (Летонија) 4:6, 6:3, 6:4; Алмагро (8.,Шпанија) - Гаске (10.,Франција) 7:6, 6:3; Цонга (13., Франција) - Федерер (3., Швајцарија) 7:6, 4:6, 6:1.


#
Статијата е прочитана 551 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Смилевски се заканува со самозапалување
Нов предизвик за Петар Стојчев
Кадел Еванс меѓу своите Австралијци
Манчестер Ј. тргнува во одбрана на тронот
Ставрев ќе го суди мечот Г. Ренџерс-Марибор

"""