Ставрев ќе го суди мечот Г. Ренџерс-Марибор
За нашиот најдобар фудбалски судија,Александар Ставрев, како да нема одмор. Туку што се врати од Истанбул каде ја судеше квалификациоската средба за ЛШ меѓу Трабзон и Бенфика, а судиската комисија на УЕФА веќе го делегира за главен судија на средбата меѓу Глазгов Ренџерс и Марибор. Тоа е реванш меч во плеј-офот за Лига на Европа што ќе се одигра на 25 август.
На Ставрев ќе му помагаат Маријан Кировски и Љубомир Крстевски, четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски. Годинава Ставрев има судено на мечевите: Видеотон - Штурм, Базел - Спартак (М), Германија - Казахстан како и на завршниот турнир на ЕП за играчи до 21 година во Данска: Белорусија - Исланд и Украина - Англија. (М.М.)
|