Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Нов предизвик за Петар Стојчев

На утрешниот јубилеен 25. Охридски маратон ќе настапат 12 маратонци во машка и 10 во женска конкуренција од девет држави

Миодраг Мицковиќ

Се' е подготвено за утрешниот старт на традиционалниот овојпат јубилеен 25. Охридски маратон, најголемата спортска приредба во Македонија што ќе се одржи во прекрасните води на Охридското Езеро, на патеката „Климе Савин“, долга 30 километри. На стартот со почеток во 12 часот кај Свети Наум ќе се најдат пливачи од девет држави, 12 во машка и 10 во женска конкуренција. И годинава главен фаворит за првото место е извонредниот бугарски маратонец Петар Стојчев, стар познајник на љубителите на маратонското пливање во Македонија бидејќи во изминатите 25 маратони, тој беше девет пати победник и сигурно ќе се обиде да ја прослави својата десетта, јубилејна победа. Петар Стојчев се наоѓа во одлична форма што го покажа на последните маратони за светската серија. Кога плива во водите на Охридското Езеро, како што самиот вели, се чувствува како дома бидејќи одлично ја познава патеката и бистрите езерски води.

Во Аргентинецот Бертола Гилермо, Холанѓанецот Ван Дер Хулст, Италијанецот Родолфо Валенти, како и во нашите Томи Стефановски и Евгениј Поп-Ацев ќе има достојни конкуренти во таа трка за првото место.

Покрај овие маратонци, на патеката во Охрид ќе се појават и Цветан Јорданов (Бугарија), Мауро Напа и Андреа Волпини (Италија), како и преостанатите маратонци од Македонија: Александар Илиевски, Александар Панчевски и Дејан Младеновски.

Во последен момент своето учество го откажаа Словенецот Рок Керин и Мохамед Салех од Сирија.

Во женска конкуренција на Охридскиот маратон ќе настапат 10 пливачки: Хеихо Пилар и Рита Ванеса Гарсија од Аргентина, Естер Нуњез (Шпанија), Маријана Мело (Бразил), Вероника Кристи и Аурелија Коте (Канада), Николета Симонази и Александра Ромити (Италија) и последните две маратонки што се пријавија, сестрите Карла и Ивана Ситиќ од Хрватска.

Наградниот фонд изнесува 25.000 долари. Победникот во машка конкуренција ќе добие 3.000, второпласираниот 2.100, а третопласираниот 1.500 долари. Истата сума е и за трите најдобро пласирани во женската конкуренција. Постојат награди и за генерален пласман. За првото место 900, за второто 700 и за третото место 600 долари.

Охридскиот маратон го организира Пливачката федерација на Македонија заедно со Агенцијата за млади и спорт. Главни спонзори на оваа врвна спортска манифестација во нашата држава се „Телеком“ и „Т-мобиле“, покровител е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Како и секоја година техничката организација на маратонот е доверена на клубот „Охридски бранови“ кој ќе се грижи за придружба на маратонците, обезбедување на патеката, за судиите и се' друго што е поврзано со организација на еден ваков маратонско пливачки спектакл.


#
Статијата е прочитана 935 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Смилевски се заканува со самозапалување
Кадел Еванс меѓу своите Австралијци
Манчестер Ј. тргнува во одбрана на тронот
Ставрев ќе го суди мечот Г. Ренџерс-Марибор
Цонга повторно го порази Федерер

"""