Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Смилевски се заканува со самозапалување

Наум Котевски

„Ако Македонија со Тошак заврши над третата позиција, ќе се полеам со бензин на плоштадот кај споменикот Алекаснадар Македонски“, ќе изјави за еден наш весник македонскиот фудбалски стручњак Зоран Смилевски од Иран, каде што трета година е на печалба. Потоа човекот кој играчката и тренерската кариера ја почна во Борац Бања Лука ќе додаде: „Тошак е само една обична фарса и нов погрешен избор. На нашиот тим му се потребни коренити промени со домашен стратег. Со ова е направена деградација на сите на наши тренери“.

Очигледно е дека кога температурите се високи како во Иран откажува системот за ладење. Повредената лична суета го насука Смилевски (самиот се пофали дека му се нудел на претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи Ристески да го позиционира на в.д селекторското место до крајот на овие квалификации, ама овој го изиграл) на брегот на лажното и бламирачко бранење на комплетниот домашен тренерски еснаф, кој е пребогат со компетентни луѓе.

Тој сакал привремена работа во својата земја, а сег�� божем му е жал што, да речеме, Чеде Јаневски го окрка и, секако, што Хаџиевски и Јовановски се откажаа, а извисија и Шаќири, Ѓорѓиоски, Стратев.

Обидите на Смилевски за свикување на нов Смилевски конгрес на кој ќе се донесе одлука за востание против странските тренери се во најмала рака смешни. И тој добро знае дека сме имале домашни тренери во неколку квалификациски циклуси. Се сеќава ли некој на некаков успех? Тешко.

Но, затоа е лесно да се присетиме на строго затворените примитивни корелациски односи. Некој некому требаше да му ја сочува фотелјата, некој некому му одредуваше играчи и формација, некој некому му помагаше во продавањето фудбалери. Сето тоа во името на приватната фирма со псевдонимот државна репрезентација.

Е, таа наша болна реалност не ни дава надеж дека некој домашен тренер ќе успее да се спротивстави на поразителната и херметички затворена свест. Единствен кој се обиде да ја проветри просторијата и да наметне некои нови вредности, принципи и стандарди беше Среќко Катанец, но за жал беше рано задушен.

Во тој контекст апсолутно се сложуваме со членот на Управниот одбор на ФФМ, Иван Анастасовски, кој неодамна кажа дека би сакал да види Германец на клупата на националниот тим, притоа додавајќи дека Федерацијата не треба да работи по принципот на кандидатури (изборот на селектор да се претвори во избор на директор на некое претпријатие), туку треба однапред да се има во главата потребниот профил.

На играчката легенда на Ливерпул, Џон Тошак, кој постигна 96 гола во 246 настапи, треба да му се даде шанса ако може од лимитираниот играчки кадар да направи нешто повеќе. Ако не успее во тоа нека си оди. Тој, како и сите негови претходници, не е и нема да биде заштитена мечка.

И покрај тоа што е неспорен фактот дека би настанала неподнослива тишина кога луѓето би го зборувале само она што го знаат, не е пријатно да се чуше како трикратниот шампион на Мекедонија со Силекс предвреме го негира и релативизира квалитетот на најдобриот тренер во Шпанија во два наврати. Плус и шампион на таа земја со еден Реал Мадрид. Во тоа сме бездруго мајстори, меѓу првите во светот, како што сме опасно неталентирани во детектирање таленти.

Смилевски, патем, се обидува да ја изврши сатанизацијата на странските тренери и низ преку изветвениот резон дека се дојдени само да ни ги соберат парите. Ако е точно дека Тошак ќе работи за 180.000 евра годишно, тогаш крајно некоректно би било да ја анализираме споменатата сума во ова време на луди пари во фудбалот. Барем, кога станува збор за стручњаци со такво педигре.

Конечно, ако не си ја повлече навреме изјавата, Смилевски, како самозапалувач ќе остане во позиција на кандидат, макар и теоретски, за насловната страница на некој албум на Рејџ Агенст Дмашин. Тие веќе го направија тоа со славната слика на која е прикажан будистичкиот редовник Тич Кванг, кога се самозапали во 1963 година - во знак на протест против угнетувањето на будистите во Вијатнам.



РаботниЧки и ШкендиЈа веЧерва под рефлектори на „Филип Втори“



Викендов се игра третото коло од Првата македонска фудбалска лига. Дербито на колото Работнички - Шкендија се игра денеска во Скопје во вечерниот термин од 20.00 часот.

Во останатите денешни натпревари од 16.30 часот се среќаваат 11 Октомври - Металург, Напредок - Вардар, Ренова - Брегалница и Охрид - Силекс. Утре играат: Хоризонт - Тетекс.


#
Статијата е прочитана 2002 пати.

Испрати коментар

Од: barzo
Датум: 13.08.2011 00:47:54
a jas ke se zapalam duri i ako sme pogore od poslednoto mesto. seto ova e pazar na hadziristevski so tosak. tosak ke si odi samiot na krajot od ovoj ciklus. garant. ni bod nema da osvoji protiv rusija, slovacka i ermenija.
Од: НИКОЈ
Датум: 13.08.2011 10:38:05
Не знам зошто дотичниот новинар Наум Котевски го омаловажува нашиот стручњак Смилевски (каков таков). Не за друго туку имам впечаток дека како со сила сака да се добие мислење во јавноста дека ако по секоја цена се донесе некое звучно уме од странциве, дека е ќе не биде! А да биде прикаската пожалосна, замислете, ние бараме странски тренер кој ќе не мрдне од 5-тата или 4-тата позиција на квалификационата табела. КАКВА МИЗЕРИЈА! Па го викнавме Катанец, и на крај го избрукавме, а човекот сосема на место си говореше на прес-конференциите (ако читавме меѓу редови) дека „другари за толку не бива и тоа е“. Е сеа, ова што се фрлаат дрва и камења по Смилевски е чиста глупост. Странски тренер ни во еден случај не ја познава подобро ситуацијата во македонското првенство како и способноста за квалитетни играчи што истото ги создава, отколку домашен тренер. Пред некој ден кога се дозна за Тошак, токму во некој од весниците пишуваше негова изјава дека Македонија имала одлично првенство! Ај с
Од: el makedonero
Датум: 13.08.2011 14:39:58
Никаде не пишува дека ќе се самозапали .Човекот рекол дека само ќе се полие со бензин , апосле ке се пере на фонтаната

Најди! во Утрински
Спорт
Нов предизвик за Петар Стојчев
Кадел Еванс меѓу своите Австралијци
Манчестер Ј. тргнува во одбрана на тронот
Ставрев ќе го суди мечот Г. Ренџерс-Марибор
Цонга повторно го порази Федерер

"""