Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Втора страница

И Талер прати писмо до министрите на ЕУ

Атина притиска да нема рок кога повторно ќе се расправа за преговорите со Македонија

Слободанка Јовановска


И покрај разочараноста од политиката што ја води Владата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер, упати писмо до сите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и до шефицата на дипломатијата, Кетрин Ештон, барајќи на самитот во Брисел идната недела, конечно, да се донесе одлука за преговори со земјава.

Со тоа Талер му се придружи на министерот Антонио Милошоски, кој една недела претходно, исто така, испрати писма на истите адреси, па и на шефот на грчката дипломатија, Димитри Друцас, иако тој само технички го проследи. Во писмото Талер бара да нема уште одложувања на одлуката за преговори, бидејќи Македонија на неа чека пет години и е крајно време земјата да продолжи со процесот на приближување кон ЕУ.

„Искрено верувам дека продолжувањето на статус кво ситуацијата сериозно ќе ја стави во прашање стабилноста на земјата и на регионот, но и кредибилноста на ЕУ кон Западен Балкан“, порачува Талер. Ваквата одлука, според него, ќе ја охрабри Македонија да го реши спорот околу името, па ги повика Грција и другите земји-членки да покажат солидарност и одговорност.

Заклучокот за Македонија, кој треба да се најде во документите од самитот идната недела, требаше да се пегла вчера во Брисел, но, според извори од Европскиот совет, поради малата веројатност да биде усогласен е оставен за состанокот на министрите в понеделник. Според она што се дознава, Европската комисија ги притиска лидерите да донесат некаква полуодлука за препораката за преговори, односно политички да се изјаснат околу неа, а не само да ја повторат како минатата година.

Извори од Комисијата брифираа дека постои ризик заклучокот да биде отворен, или попрецизно безвременски, и на таков начин да се избегне потребата на следниот самит да се отвора ова прашање. Околу овој дел се најсилни грчките притисоци што бараат да отпадне делот од заклучокот дека за препораката треба да расправа следното претседателство со ЕУ. Атина, исто така, вршела притисок да се стави и оцената дека реформите во Македонија биле во застој годинава, како и да се спојат двата дела од минатогодишниот пасус за Македонија, со што ставот за името ќе се најде во ист контекст со главниот заклучок и индиректно - од политички став ќе стане формален услов.

Извори од Брисел оценуваат дека ЕК има интерес да почнат преговорите со Македонија, но поради блокадата околу спорот за името ќе си обезбеди и простор во заклучокот за отстапница од препораката, која веќе втора година не станува реалност. На прв поглед заклучокот веќе нема никакво политичко значење за Македонија, бидејќи ако не се донесе едногласна одлука за преговори (што не е реално), преговори и така ќе нема.

Интерес на Македонија е, сепак, препораката да се одржи во живот и да се најави кога следен пат ќе се расправа за неа, а не да биде ставена во заборав.


#
Статијата е прочитана 1394 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 11.12.2010 13:06:07
Што бил будала абе ај дотурниги овие АРАМЛЕПЦИ.Несе мачи бе Пријателе овие неги интересира нити ЕУ нити НАТО.
Од: bogomilec
Датум: 12.12.2010 09:15:59
Ако и натаму ЕУ робува на гршката ирационалност и тврдоглавост и демонстрираниот болен антимакедонизам, тогаш и Брисел и Атина во спрега ќе кумуваат на неизбежна радикализација на меѓуетничката клима во Македонија. А нема никакви дилеми дека официјална Грција тоа и го посакува - разнебитување на македонската држава што би значело дефинитивно разрешување на проблемот со Скопје - Нема македонска држаба - нема македонски народ, а Атина верува дека тогаш за сите времиња станува единствен сопственик на древната македонска историја и култура. Албанскиот фактор, посебно некои негови екстреми, Атина ги потхранува и стимулира за постигнување на нејзините хегемонистички фашизоидни тенденции. Оттаму и одолговлекувањето на вистински дијалог за разрешување на проблемот што таа го има со името.
Од: do bogomiles
Датум: 12.12.2010 20:49:46
Glupav komentar. Ako EU tolku ne ve saka kako sto si mislite, do sega nemase da isprati nitu edna pomos vo pari. Zaprasajte gi dosegasnite vladi kolku proekti imalo i kaj otisle parite? Ako ne ve sakala nemala ni da vi ponudi status. A kako treto, tokmu toa e i celta na ova lobiranje, da se trgne so pregovori iako sporot so imeto ne resen, a toa Gruevski najmalku go saka, zasto posle ke zavrsi kako Sanader. Toa sto sakase pregovori pod FyroM blefirase ama se zafrkna :) Tolku e tesko da se razbere?
Од: Професорка
Датум: 13.12.2010 10:37:16
Како и на Амб. Фуере, така и на г-нот Талер му упатувам јавна благодарност што се бори за влез на МК во ЕУ. Г-не жТалер правете го тоа за нас Македонците кои ја разбираме Вашата тешка борба, во услови кога нашата Влада прави се што не смее да прави.
Од: stip
Датум: 13.12.2010 11:02:30
nema potreba g. TALER da si go trosi penkaloto bidejki odlukata e so konsenzus. a grcistava imaat druga cel.sekogas vo svetot treba da ima krizno podracje kade bi se trosela energijata na pregovori a i oruzjeto. vo evropa ke bideme nie. ne sme nie vinovni nego komsiite. mozam da predpostavam sto li e razgovarano vo sofija pomegu ministrite za n.raboti na agresorite na makedonija. pocekajte pokasno ke izleze na WIKILEAKS.

Најди! во Утрински
Втора страница
Македонците во Грција етикетирани како шпиони и предавници
Африканци не не вадат
За САД, македонските ставови за името биле разумни
Вербатим
Австрија гледа замореност од Балканот
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach