|
|
|
|
|
|
Австрија гледа замореност од Балканот
Берлин - Шефот на австриската дипломатија, Михаел Шпинделегер, предупреди на „заморот од Балканот“, додавајќи оти Босна и Херцеговина не смее да го изгуби приклучокот кон Европа.
Шпинделегер, пред почетокот на дводневната Конференција за Западен Балкан во Берлин, наведе дека по Хрватска не смее да заврши проширувањето на ЕУ.
„На Балканот му е потребна европската перспектива, бидејќи ги поттикнува стабилноста и реформите. Австрија се залага Западен Балкан да остане на врвот од агендите. Во 2011 година ќе биде важно да се задржи фокусот на БиХ. Целта мора да биде да се стабилизира државата“, истакна Шпинделегер.
Главна тема на Конференцијата ќе биде интеграцијата на земјите на Западен Балкан во ЕУ, прашања поврзани со безбедносната „архитектура“ на Балканот, помирување и економска соработка, како и регионална соработка со Германија.
Конференција е во организација на германско-американскиот институт „Аспен“, а се одржува во амбасадата на Австрија во Берлин. Цел на Конференцијата е да се разменат мислења меѓу претставниците од Балканот и Германија, САД и Австрија. (MИA) |
#
|
Статијата е прочитана 1212 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Студент во Австрија |
Датум: 11.12.2010 12:24:06 |
|
Од изјавата на министерот Шпинделегер се гледа токму обратното, дека тој се залага за проширување на ЕУ со земјите од Балканот. Зошто на вашиот уредник му одговара негативен наслов со кој насочува дека Австрија, односно, ЕУ, е заморена од Балканот?Ние, студентите во Австрија, гледаме дека австријците навистина сакаат сите земји од Балканот да бидат дел од ЕУ. Веројатно тоа е и во нивен интерес, но тоа е така. |
|
|
|
|
|
|
Од: srebre |
Датум: 12.12.2010 00:03:05 |
|
mak vo ova vmro nema nikogas da vleze vo eu |
|
|
|
|
|
|
|
|