|
|
|
|
|
|
Поглед
Африканци не не вадат
Билјана Јовановска
Не случајно народот вели - сосила убавина не бива. Па така е и со петтиот државен Универзитет за информатички науки и технологии „Св. апостол Павле“ во Охрид. Вистина е дека и тој е „рожба“ и галениче на Владата, ама ако студентите не покажуваат интерес за запишување, нема да го спасат ни студенти од Африка ни отаде Африка.
Власта посака на 32 странци да им ги даде сите бенефиции, незамисливи за една сиромашна држава каква што е Македонија - бесплатно студирање, сместување, исхрана и плус пет илјади денари месечен џепарлак.
Арно ама, и тие не се стрчаа во Охрид. А, домашните студенти ги заборавија и им ги укинаа кредитите, а стипендиите доцнат ли доцнат. Иако износите се половина од оние на гостите од светот.
Универзитет што процентуално е најскап во Македонија заради посебните договори за платите и престојот на професорите од странство и многу малиот број студенти, не може на свои плеќи да го издржи ни Швајцарија.
И, колку и да се носат студенти однадвор, се' е бадијала кога домашните не се фаќаат на мамката. Барем не во бројка доволна за еден државен Универзитет, кој опасно го празни буџетот.
Лани на пет факултети, односно на цел универзитет, како што се тврди, студирале едвај малку повеќе од четириесет академци, иако официјално се претставува двојно поголема бројка.
Годинава, сосе оние од Гана, Монголија, Танзанија, Грузија... приливот е малку поголем. Ама, до кај стасавме ако еден државен универзитет во живот треба да ни го одржуваат странци.
Сега само ги пополнија дупките и го оптоварија буџетот. Само власта да може да се фали дека отворила универзитет. |
#
|
Статијата е прочитана 1882 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Koj stoi zad seto toaq? |
Датум: 11.12.2010 12:18:37 |
|
Izjasnete se so ime i prezime, koj od licna sueta i interes go " turka" toj univerzitet iako sekoj koj zdravorazumski misli znae deka toa e cista glupost. |
|
|
|
|
|
|
Од: cobe |
Датум: 11.12.2010 13:49:58 |
|
Се уверија ли овие слабоумни властодршци дека не се отвора универзитет на секој ќош????? |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 11.12.2010 17:38:30 |
|
Ona sto prerodbenicive-decata go napravija so obrazovanieto, nema da moze nikoj taka lesno barem malku da go vrati vo nekoja priblizna normala. Videte go samo ministerceno-dete Boze me prostikako....., fakultet vo sekoe selo.Univerzitet vo Stip koj na se lici samo na univerzitet ne lici, Rektor Sasa na Zan bratot =toa se kazuva. Mozeme samo da sonuvame za skolstvoto vo SFRJ. |
|
|
|
|
|
|
Од: од редовен читател |
Датум: 12.12.2010 09:53:16 |
|
Ние имавме образование со кое можевме да се гордееме во светот, но дечиштава (а дали само тие?) успеаја да го растурат и од него да направат се само не образование. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 12.12.2010 13:15:10 |
|
E ne se soglasuvam deka sme imale obrazovanie so koe sme mozele da se gordeeme? SFRJ? Toa pomina. Toa "obrazovanie" kade se uchi samo teorija ne e vo red. Ne se soglasuvam so tolku mnogu univerziteti na sekoj kos. Treba efikasno obrazovanie-zapaden model-pomalku bubaj-poveke raboti. Sto izmisluvate topla voda, daj prepishete model od nekoja razviena zemja. AMan. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 12.12.2010 15:26:00 |
|
So kogo da se sporedime vo svetov koga eden takov univerzitet nema ni smestuvacki kapacitet. |
|
|
|
|
|
|
Од: Razumot |
Датум: 13.12.2010 08:39:32 |
|
Cista glupost! Sto li mislat? Gadost e toa, ne e ni glupst. |
|
|
|
|
|
|
Од: професорка |
Датум: 13.12.2010 10:50:54 |
|
Ништо не е Универзитот во Охрид. Ќе го видите новиот Факултет за Информатика во Скопје. Ќе им донесат Декан кој дипломирал во Прилеп на егзотична струка, а докторирал во Бугарија на струка што нема везе со Информатика. Ама е од естеблишментот. Џабе врвни професори го буткаа проектот. Се надевам само дека ќе имаат акал и доблест да ја одбијат оваа непристојна понуда. Што ќе биде од тој Факултет? Задруга, како сите Универзитети кои ги отворија со партиски Ректорчиња, потрчковци кои абер немаат од академска работа. |
|
|
|
|
|
|
|
|