Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Втора страница

Македонците во Грција етикетирани како шпиони и предавници

Атина - Партијата на Македонците во Грција – „Виножито“, по повод Светскиот ден на човековите права, реагираше остро против третманот на етничките Македонци во Грција.

„Во една демократска држава, како што тврди дека е нашата, секојдневно се прекршуваат човековите права во името на еден народ, една држава и една религија“, се вели во соопштението на „Виножито“. Од партијата истакнуваат дека се надеваат овој ден и борбата за човекови права да инспирираат нова генерација борци за правата на етничките Македонци, но и за останатите малцинства во Грција. „Виножито“, преку своето соопштение, ги повикува сите демократи во државата да се активираат и да помогнат за стопирање на дискриминацијата од секаков вид. Во соопштението, партијата посочува дека покрај дискриминацијата на бегалците од Граѓанската војна, со сурова дискриминација и етикетирање како шпиони и предавници на народот се соочуваат и оние Грци кои јавно покажуваат поддршка за Македонците. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1996 пати.

Испрати коментар

Од: Od Aristid
Датум: 11.12.2010 13:07:15
Ваквиот став на Грчката влада кон македонското малцинаство и непризнавањето на македонската нација и МПЦ е израз на слабоста на нашата дипломатија, која нема разработено никакво лоби за афирмација на дражавата.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.12.2010 18:34:27
Него како,сосема е демократски и европски да тие што бараат елементарни човекови права и нивните подржувачи се прогласат за шпиони и антидржавни елементи.Вероватно донесувањата на разно-разни декларации во Брисел за човекови права не се однесува за нивната членка а и тие тоа го премолчуваат,што значи се на иста страна.И после се чудат оти како производ на такво лицемерно однесување е високиот процент на еускептицизмот.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 11.12.2010 21:05:21
Проблемот со „Виножито“е што тие се претставуваат како Антички Македонци кои немаат никаква врска со Славомакедонците,за чие постоење Грците воопшто не прават никакви проблеми.Тие се и членови на Здружението на антички Македонци (од Богданци) на чие барање се гради сулудиот ретро-проект „Скопје 2014 Δ.Π.Ν.Ε.“.Во истото друшто ќе ги најдете и В.Божиновски,В.Иљов...Самите си го правиме проблемот со идентитетот,заради одреден број граѓани изгубени во времето и просторот и без спомени за претците,кои со децении одбиваа да земат македонско државјанство!Ајде едно вакво прашање - А кој ги дискриминира и етикетира Македонците во Македонија како шпиони,предавници,соработници и платеници на „Грчиштата“?Грците!?Имам чувство дека граѓаните на Македонија се заложници на група луѓе која ги уживаше сите привилегии во изминатото општество!
Од: Gjore
Датум: 11.12.2010 22:44:00
Па најзагрозени се македонците во Р.Македонија. Секаде живеат поубаво одошто во Р.Македонија. Башка во нејзе се веат секакви знамиња и се свират секакви химни... што на пример во Овчарани во Грција не е случај. Таму секој си има дома македонски барјак (не вентилаторот на Грујо од секој ќош, освен по тетовските ќошови и крајнито запад), ем си слуша македонска музика, а не српска... Одете и видете си самите... Слично е и по пиринскиот крај.
Од: karokan "gambit"
Датум: 12.12.2010 01:29:09
Da gleda covek i da ne veruva!!Da cita i povtorno da ne veruva!!!Felix,prvpat da bide na stranata na "sorosoidite"???????? Kakvo e toa cudo g-dine Felix,kakov e toj presvrt odednas!!! Da ne zgresi slucajno!!! Ajde preracunaj se malku!!! Koj toa proizveduvase "sorosoidi",stranski platenici,spioni????????????????? Da ne bev slucajno jas,a sum zaboravil,a!!!!!!!!!!!!!!!
Од: do dete begalce
Датум: 12.12.2010 03:49:11
A sto mislis ti ako Makedoncite tamu kazat deka imaat slovensko poteklo,juzniot sosed ke prifati deka se samo Makedonci bez dodavka(slavo) na nivniot identitet i ke im dade prava?Ne.
Од: deli
Датум: 12.12.2010 10:31:46
Utrinski ušte ne go reši problem so isčeznuvanje na textot, koga "vnesovte pogrešen kod"????
Од: zoro
Датум: 13.12.2010 08:40:36
Sramota e pokraj grcite i makedoncite koi se komotni vo sopstvenata drzava da ne im veruvaat na svoite brakja. Pogore procitav deka se oni tamu se pravele anticki i zatoa ne gi priznavale. Za komentatorot ke kazam samo edno golemo UAA i Sramota!!! Posle kriv ni bil cacko...pa grcite gledaat za zal kako nie se odnesuvame tuka sprema niv, toa e bolkata golema, no srekja e sto ne se site takvi kako "deteto begalche" koe nema vrska so realnosta!!!! Pogldnete go ovoj dokumentarec od grchka televizija koj se odnesuva na makedoncite tamu i ke razberete deka oni se za zal pogolemi makedonci od nekoj tuka kaj nas!!! http://www.youtube.com/watch?v=GIo5oA2yzSw&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=QmNlukBOEDg&NR=1

Најди! во Утрински
Втора страница
И Талер прати писмо до министрите на ЕУ
Африканци не не вадат
За САД, македонските ставови за името биле разумни
Вербатим
Австрија гледа замореност од Балканот
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency