|
|
|
|
|
|
За САД, македонските ставови за името биле разумни
Македонија има разумни ставови и образложенија за македонскиот јазик и за именувањето на државјанството, но треба да попушти за некои прашања, како што е именувањето на аеродромот, наведува американскиот помошник-државен секретар за европски прашања, Филип Гордон, во документот од состанокот со високи претставници на ЕУ и на 27 земји-членки во Стокхолм на 3 јули 2009 година, што го објави „Викиликс“.
На состанокот на кој се расправало за Западен Балкан, Гордон оценил дека за време на шведското претседателство со ЕУ Македонија може да добие релативно позитивен извештај за напредокот кон Унијата, но, како што посочува, „без разлика дали е фер или нефер, можеби ќе мора да направи компромис за прашањето за името за да напредува во процесот на евроинтеграција“.
САД, вели американскиот дипломат, се' уште го оставаат медијаторот Метју Нимиц да го води процесот за решавање на името и укажува дека заменик-државниот секретар Џејмс Стaјнберг разговарал со грчката страна.
„Македонците треба да попуштат за прашања, како што е именувањето на аеродромот, тие имаат разумни ставови и образложенија за други прашања, како што се јазикот и именувањето на државјанството. Потребно е двете страни да попуштат за одредени прашања“, наведува Гордон во документот објавен од „Викиликс“.
Американскиот помошник-државен секретар на состанокот се заложил за поинтензивна соработка меѓу САД и ЕУ во однос на Балканот и за отворените прашања во регионот. (Н.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1298 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 11.12.2010 18:28:40 |
|
Малкумина немаат разумен став кон јазикот и државјанството оти тука се воодушевуваа од ерга омнес предлогот на соседот,дури и правеа ползечки симулации да не унередат.Инаку нечитам никакви коментари од опозициските коментатори тука,вероватно не се многу радосни од Викиликс.Инаку се сомневам да промената на името на аеродромот ќе донесе бенефит,и да го викаме Папандреу соседот ќе истрае во намерите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojko |
Датум: 12.12.2010 13:41:45 |
|
@Feliks> Vo nekoi stavovi se soglasuvam so tebe, ama nemoj da mislis deka se raduvam na sopstvena, ama i tvoja nesreka. Za razlika od nekoi kvazi patrioti, mislam deka Makedonija ne moze da si dozvoli ptremnogu tvrdi stavovi vo pregovori. Mozebi i jas ke mislev i postapuvav kako nekoi od vladata, koga bi imal vo drugi drzavi smetki, firmi, akcii itn. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 13.12.2010 11:20:12 |
|
Ме радува твојата упорност!Иако унереден,си тераш по добиените текстови.Се слагам дека промената на името на аеродромот (кој кого чекаше таму?) нема да промени ништо.Во грчката влада не седат дечиња кои си играат на ти го-дај ми го! Дури не се откажеме од антиквизацијата,нема шанси за било каков напредок.Тешко е да докажеме дека ние сме всушност Грци,а Грците се всушност Етиопјани.Продолжи да читаш Викиликс, верувам дека ќе има работи,кои ќе те израдуваат! |
|
|
|
|
|
|
|
|