Паѓа обемот на производството
Економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во јуни, во однос на мај годинава, раководителите ја оцениле како поповолна, исто како и во однос на јуни минатата година, но обемот на производството во јуни годинава бележи пад во споредба со мај, а очекувањата за наредните три месеци се понеповолни, додека за бројот на вработените поповолни. Според податоците на Државниот завод за статистика, поповолна оцена во јуни, во однос на мај, раководителите дале поради обезбеденоста на производството со нарачки. Во јуни годинава резервите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата, додека резервите на готовите производи во јуни, во однос на мај, се зголемени. Статистиката утврдила дека просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во минатиот месец изнесувало 58,3 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јуни имале недоволната странска и домашна побарувачка со по 18 проценти, финансиските проблеми со 12,8 отсто и неизвесното економско опкружување со 9,2 отсто. (Ек.Р.) |