Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Немаме многу грчки пари за да се грижиме да не си одат

Грчките власти размислуваат да ги ловат и да ги оданочат Грците што ги префрлиле своите пари во банки на странски земји

Нина Нинеска-Фиданоска


Нема многу грчки пари во македонските банки за сега ние да стравуваме дека нивното евентуално повлекување назад во Грција ќе предизвика негативни ефекти во македонскиот банкарски сектор. Вака накусо и неофицијално коментираат македонските банкари откако грчките власти почнаа да размислуваат да ги ловат и да ги даночат своите граѓани, кои парите во изминатиот период си ги повлекле од грчките банки и ги префрлиле во банкарскиот систем на други земји.

Има ли, всушност, грчк�� пари во македонските банки и колку? Ќе останат ли тие во банкарскиот систем во земјава или набргу ќе мораат да „отпатуваат“ назад, во матичната држава?

Уште од поодамна постоеше мистерија дали Грците, откако пред неколку години почна драматично да се влошува економската состојба во нивната држава, пренесоа дел од своите парични богатства и во Македонија. Тогаш грчките медиуми растревожено јавуваа дека тамошните „парајлии“ масовно ги изнесуваат своите влогови од грчките банки, каде што дотогаш ги чуваа, и ги депонираат во некои посигурни банки во странски земји. Успеа ли тогаш македонскиот банкарски систем да се наметне како безбеден и сигурен играч и да „лапне“ барем дел од парите на богатите грчки граѓани и компании?

Овие прашања сигурно уште повеќе ќе се отвораат во следниве неколку денови, откако грчките власти соопштија дека ќе почнат да вршат потрага по парите што ги чуваат Грците на банкарски сметки во странство, и не само тоа, туку и ќе ги оданочуваат со стапка од 15 проценти.

Агенциите и весниците од Грција вчера јавија дека властите од таа држава ги проверуваат банкарските сметки на Грците во странство. Министерството за финансии ја проучувало можноста да воведе данок од 10 до 15 отсто на сите што чуваат пари во странство. Се барале податоци за Грците со банкарски влогови во странство за периодот од 2009 година наваму. Повлечените пари од влоговите во износ над 150.000 евра ќе биле оптоварувани со данок до 15 отсто. Тоа би значело дека секој што поседува влогови во странство во износ од 300.000 евра за нив ќе треба да плати данок од 45.000 евра.

Инаку, некои пресметки говорат дека од почетокот на годинава, па досега од Грција во странство се изнесени 18 милијарди евра, а од стартот на 2010 тоа истекување достигнало 46 милијарди евра, со што на тој начин се нарушила ликвидноста на грчките банки. Според податоците на грчката централна банка, на крајот на 2009 депозитите во грчките банки изнесуваа 237 милијарди евра, а оттогаш до мај годинава тие се намалија до 191 милијарда евра. Инаку, грчките власти досега откриле 72.000 банкарски сметки на Грци, во 42 земји од светот.

Од тие 42 земји, се претпоставуваше дека сигурно дел од грчките пари што се одлеале во земјата, а кои се проценуваат на околу 46 милијарди евра, завршиле и во македонските банки. „Утрински“ вчера се обиде да дојде до податоци за колку пари точно станува збор и какви ефект нивното евентуално враќање назад во Грција би можело да предизвика во нашиот банкарски систем.

Поголемите банки во земјава ги прашавме дали постојат грчки влогови кај нив, колку изнесува нивната вкупна сума или процентот во вкупниот износ на нерезидентни сметки и дали евентуалното нивно повлекување може да предизвика негативни ефекти врз тие банки.

Во Комерцијална банка велат дека не очекуваат никакви проблеми: „Како котирана компанија на Македонска берза со посебни обврски за известување и објава на ценовно чувствителни информации, Комерцијална банка не е во можност да ви одговори на поставените прашања, особено што банката не очекува никакви проблеми во своето работење во контекст на прашањата“, ни изјавија од Комерцијална банка.

Во НЛБ Тутунска банка објаснуваат дека досега не биле регистрирани некои позначајни износи на префрлање грчки влогови во банката.

Неофицијално, пак, од одредени кругови во земјава се дознава дека и гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, се интересирал дали и колкава сума грчки влогови се чуваат во нашите банки. Одговорот, пак, неофицијално, бил дека имало некакво распрашување од страна на одредени грчки граѓани тука да ги префрлат своите пари, но не станувало збор за големи износи кои би се мереле во повеќе милиони евра, туку за „ситни“ пари. Ова од причина што, како што велат нашите извори, Грците не ја сметаат Македонија како многу безбедна дестинација за да ги чуваат своите средства, а не смее да се потценат ниту политичките проблеми со кои се обременети двете земји. Дел од Грците, пак, се интересирале овде да префрлат свои влогови под некои други имиња, со цел да го сокријат својот идентитет, за потоа да немаат евентуални проблеми со властите во својата држава. „Богатите Грци, оние со многу пари, сигурно навреме ги префрлиле во Германија, Велика Британија, Кипар и други посигурни држави, со кои имаат и разни договори за заштита. Ние сме мали, ризични, неинтересни и затоа тешко е да се верува дека многу пари дошле во Македонија“, вели за „Утрински“ еден од банкарите во земјава. Според него, фактот дека не дошле големи пари од Грција во Македонија се гледа и од тоа што нема голем раст кај вкупните депозити во нашите банки. Поточно, според последниот месечен извештај на НБРМ, во мај годинава вкупните депозити во нашите банки покажале пораст од 8,8 отсто на годишна основа, што според банкарите, е нормален, а не некој интензивен раст. Доколку имало голем прилив на грчки влогови, овој раст ќе бил многу поголем, велат нашите извори.

Инаку, „Мудис“ вчера ја намали оценката за долгорочниот долг на Грција и сега ја дели само еден степен од прогласување банкрот.


#
Статијата е прочитана 1274 пати.

Испрати коментар

Од: Simo
Датум: 26.07.2011 00:28:40
A Mudis cul li za Makedonija? - Ako cul od nekade, kotira li i taa na negoviot spisok? - Gledam vo statijava, kako nekoj da se siti na tugjata maka, bez obzir, sto taa go maci nasiot sosed koj ne` koci na site patista...
Од: Domat
Датум: 26.07.2011 12:51:33
mn losa analiza. neoficijalno, pa ime na guverner..... samo vo balkansko novinarstvo.

Најди! во Утрински
Економија
Над 5 млн. евра за обнова на нафтените резерви
13 денари
Корупција во европските претпријатија
Помалку пари собрани во буџетот, помалку потрошени
Паѓа обемот на производството

"""