Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Помалку пари собрани во буџетот, помалку потрошени

Како во мај, така и во јуни во државната каса се слеале помалку пари во споредба со април, но за разлика од мај кога повеќе се трошело, во јуни се намалиле трошоците од буџетот.

Во јуни буџетските приходи изнесувале 173,5 милиони евра, а расходите биле 192,5 милиони евра, дефицитот само во јуни изнесувал 19 милиони евра, што е доста помалку во споредба со мај кога беше постигнат рекорден буџетски дефицит од 50 милиони евра. Вкупниот буџетски дефицит за првите шест месеци од годинава достигна 125 милиони евра.

Во јуни излегува дека државата и помалку прибрала, но и помалку трошела, за разлика од мај во предизборието. Во мај вкупните буџетски расходи изнесуваа 226 милиони евра, а во јуни 192 милиони евра, што е за околу 34 милиони евра ��омалку. На страната на приходите вообичаено најголемиот прилив доаѓа од даноците или над 99 милиони евра, а прв на листата е данокот на додадена вредност кој во јуни инкасирал 54 милиони евра. (С.М.)

Буџетски дефицит/суфицит во 2011 година/во милиони евра

јануари -10,8

февруари -28,3

март -21,3

април 5,2

мај -49,5

јуни -19


#
Статијата е прочитана 650 пати.

Испрати коментар

Од: Станко
Датум: 26.07.2011 08:02:59
Да, така е, изборите се скапи. Затоа Бранко толку инсистира на предвремени избори избори во серија. За да му ги потроши парите на Грујо. Хахаха.

Најди! во Утрински
Економија
Немаме многу грчки пари за да се грижиме да не си одат
Над 5 млн. евра за обнова на нафтените резерви
13 денари
Корупција во европските претпријатија
Паѓа обемот на производството

"""