Корупција во европските претпријатија

Во Европа митото го сметаат за нормална појава 18 отсто од менаџерите и 17 отсто од другите соработници
Во цела Европа две третини од анкетираните граѓани велат дека корупцијата во нивните држави и натаму е вообичаена практика. Во Германија дури 45 отсто од испитаниците сметаат дека во светот на работењето често доаѓа до корупција. Тоа мислење го делат дури 78 отсто од анкетираните членови на управите и менаџерите. Ова се резултатите од анкетата што ја спроведе претпријатието „Ернст и Јунг“ меѓу 2.300 вработени во 25 европски земји. Се' уште постои голема разлика меѓу настојувањата во борбата против корупцијата, со кои се фалат многу претпријатија и служби во секојдневјето на компаниите. Поради постојните закони во земјите во кои дејствуваат одделни претпријатија, ваквиот настап не е безопасен, на пример, во Велика Британија и во Шпанија. Корупцијата во Германија е помалку проширена, бидејќи, очигледно, постои поврзаност меѓу ниската толеранција кон корупцијата и интензитетот на кризата од која биле погодени претпријатијата во странство. Тоа го покажуваат резултатите од Германија, која очигледно подобро ја поминала кризата отколку некои други држави.
Само три проценти од водечките германски менаџери и 12 отсто од останатиот персонал смета дека митото е легален начин на ширење на работата. Во 2009 година тоа бил секој четврти. Во Европа митото го сметаат за нормална појава 18 насто од менаџерите и 17 насто од останатите соработници. Дури 65 отсто од анкетираните ширум Европа смета дека митото е широка појава, во Германија тоа се 45 насто. Само 14 проценти од анкетираните во Германија забележале мито во сопствената бранша, додека европскиот просек е двојно поголем.
Очигледно е дека во Германија нешто се случило, бидејќи митото и корупцијата не се сфаќаат како неважна, туку многу јасно како криминална работа. Тоа сигурно е резултат и на фактот дека тужителите и судиите, па и јавноста, а на крајот и претпријатијата биле соочени со сериозни последици. Многу претпријатија во меѓувреме поседуваат активна превенција против корупцијата. На пример, во Германија се забележува јасен тренд на подрачјето на тренингот против корупцијата. Околу 15 отсто од вработените навеле дека во тековната година го посетиле антикорупцискиот тренинг.
Европската комисија редовни ја проверува состојбата со корупцијата во земјите на ЕУ. Острите мерки против начините на работење кои не се прифатливи очигледно ја оствариле својата цел. Денес 90 отсто од Германците сметаат дека обвинителството сериозно го прогонува кршењето на правилата врзани за корупцијата. Околу тоа прашање Германија се наоѓа на третото место, а предводи Норвешка. Меѓу петте најдобри се наоѓаат уште Шведска, Швајцарија и Велика Британија. Меѓу најлошите држави по тоа прашање се Русија, Чешката Република, Хрватска, Украина и Ирска.
Лоши оцени за борбата против корупцијата од Европската комисија доби Бугарија, додека Романија забележала напредок. Европската комисија и натаму го надгледува напредокот и зрелоста на членството на овие две земји-членки кои во ЕУ влегоа во 2007 година. Комисијата редовно ги проверува резултатите во борбата против корупцијата и организираниот криминал. (Дојче веле) |