ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече тужбите против новинарите
Причина е „негодувањето на новинарите поради односот на партиите“
Жаклина Хаџи-Зафирова Љубиша Станковиќ
Новинарите Ида Протуѓер и Христијан Стојчевски вчера го чекаа финиширањето на судскиот спор со владејачката партија, но рочиштето беше одложено, што и не беше изненадување, бидејќи само еден-два часа потоа стигна најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите тужби што се водат против новинари за клевета.
Како новогодишен подарок, непосредно пред дочекот на Новата година, ВМРО-ДПМНЕ вчера ги изненади новинарите со најавата дека партијата и нејзините функционери ќе ги повлечат сите приватни тужби за клевета што ги поднеле против новинари. Станува збор за 12 приватни тужби кои партијата или нејзини фунционери ги поднеле против новинари во изминатиов период поради изречена клевета или лажна информација од страна на новинар. Но, според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, тоа не значи дека ќе застанат на оваа бројка, која велат дека можеби не е дефинитивна поради тоа што немаат детален увид за колкав број тужби станува збор. Причината за повлекување на тужбите се должи на „негодувањето на новинарите, јавно искажано неколку пати, поради односот на партиите спрема нив“.
Здружението на новинарите и невладините организации што се занимаваат со оваа проблематика сметаат дека ова е добар потег на власта, но е само почеток, бидејќи земјава се' уште е далеку од декриминализација на клеветата.
Одлуката за повлекување на тужбите против новинари во ВМРО-ДПМНЕ ја донеле на завчерашната седница на Извршниот комитет на партијата, каде што членовите на ИК ги пребројувале приватните тужби што се водат против новинари.
„Пристапуваме кон ваков чекор исклучително ценејќи ја новинарската професија и улогата и одговорноста што ја имаат новинарите во едно општество“, изјави директорот на Центарот за комуникации во ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој ги повика и другите партии да го направат тоа.
Димовски им се заблагодари на новинарите за досегашната соработка и, воедно, ги замоли за аргументирано информирање. „Неоснована клевета фрла сенка врз целокупниот труд и углед на политичарот и затоа ги замолуваме новинарите да бидат повнимателни и претходно добро да ги погледнат фактите“, рече Димовски. Тој воедно ги охрабри новинарите да бидат безмилосни во нападите доколку имаат докази дека некој политичар се однесувал непрофесионално и неодговорно. Прашан за декриминализација на клеветата, Димовски одговори дека тоа е многу поопсежна процедура што подразбира широко поле на институционални активности. „Она што можевме да го направиме за да изразиме апсолутна политичка волја за подобри услови за работа на новинарската фела во Македонија, го направивме во овој момент“, прокоментира тој. Во врска со процесот против професорот Љубомир Фрчкоски, Димовски нагласи дека потегот на власта се однесува само на новинари.
Меѓу дванаесетте тужби што ќе бидат повлечени според партијата е тужбата на премиерот Никола Груевски против главниот и одговорен уредник на „Глобус“, Бранко Тричковски. Тој и новинарката Александра Митевска се тужени за текст во кој власта се обвинува дека побарала смена на европретставникот Фуере.
„Одлуката сама по себе е добра, но мислам дека не е докрај мотивирана со реалниот однос на партијата спрема медиумите“, смета Тричковски, кој оцени дека потегот има одредена предизборна димензија. Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ со овој како и со некои други потези што допрва се очекуваат „ќе се обиде да ги омекне општествените структури кои не се задоволни од нивната политика“. „Сега тие се оние што ќе не' спасуваат од својата сопствена политика. ВМРО-ДПМНЕ би требало ваквата иницијатива да ја насочи кон институциите на системот и да ја поттикне декриминализацијата на клеветата“, додава Тричковски.
Новинарката Ида Протуѓер, која исто така беше тужена за клевета, вели дека и' олеснало по најавите за повлекување на тужбите за клевета. Но, од друга страна, се чувствува дека е дел од маркетингот на ВМРО-ДПМНЕ, „која во обид да демонстрира чувство за демократија“ ги повлекла тужбите. Таа е тужена поради најава за прилог на нејзин колега за тендерот за ЕСМ Дистрибуција. „Уште од почетокот тужбата ја сфатив како силен притисок врз мене. Ако процесот завршеше со осудителна пресуда, новинарите ќе почнеа да се плашат да најават и временска прогноза“, коментира таа.
Газменд Ајдини од Здружението на новинарите коментира дека ова е позитивен одговор на повеќепати искажаните барања на Здружението до партиите и јавните личности да ги повлечат тужбите за клевета и навреда кои биле дефинитивно притисок врз слободното изразување на новинарите. Сепак, не му е јасно дали потегот се однесува на сите носители на јавни функции или партиски функционери. Ова посебно произлегува од фактот што во Здружението имаат податоци дека само против новинари во Скопје се водат стотина судски процеси во кои тие се тужени за клевета.
Добар почеток, смета Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми. „Дали тоа што координирано ги повлекуваат тужбите значи дека координирано и тужеле“, прашува тој. Сепак, додаде дека оваа власт е „корегибилна“. „Притисокот даде плод. Но, повлекувањето на тужбите не го решава проблемот со судството, кое е потребно да суди според меѓународни стандарди. Опасноста останува, бидејќи клеветата се' уште е кривично дело“, дециден е Беличанец. Според него, актуелен проблем што останува да виси е и професионалноста на новинарите.
На списокот за повлекување тужби против новинари се наоѓаат и Министерството за внатрешни работи, кое поднело тужби против група новинари, а се споменува и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, како и некои други министри во Владата на Груевски.
СДСМ има поднесено тужби само против еден новинар и медиумите во кои работи. Тие тужби не ги повлекуваме, бидејќи се однесуваат на непрофесионално и вулгарно изјаснување, како и за известување во корист на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во писмената реакција СДСМ прашува дали по вчерашниот потег ВМРО-ДПМНЕ ќе им ги врати парите на веќе осудените новинари и оние што ја чекаат правосилноста на пресудата и дали ќе престанат да користат народни пари за реклами, со кои индиректно се обидуваат да влијаат на уредувачката политика на медиумите. Во спротивно, сметаат во СДСМ, вчерашниот потег е само дневнополитички маркетинг и популизам.
ova vlasta izgleda za kompletni moroni ne racuna sto misli deka i vo del od sekunda ke se posomnevame deka dosla do demokratsko otkrovenie. za sreka a za nivna zal, novinarite ne se "lesni" kako pazardziite ili tecajcite da gi "kupite" so vakvi selski i eftini shtosovi. vtoro, sto e so slobodata na mislata na intelektualecot? ili site da se pretvorime vo novinari za da mozeme kolku tolku da se zastitime? treto, sakam da gi oslobodat i nvinarite koi veke imaat presudi kako ljubisha arsik sto treba da plati 5 iljadi evra na mijalkov. i posledno, citajte ja denesnata bljuvotina na samonareceniot novinar latas koj saka ova da go pretstavi kako praksa za ponataka i pak pljuka na sdsm , citajte go za da znaete podobro da gi cenite ovie drugive koi se dostojni na profesijata. srekna nova god na site novinari profesionalni koi ne se samo prodlzeni race i pljukaci kako latas mirka , od tomik se otarasivme valjda ni ostanaa uste dvajca
Од: Македон
Датум: 30.12.2008 00:25:50
Вистински европски и достоинствен потег на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа докажаа дека не им е целта да ги замолчат новинарите и да вршат притисок врз нив. Но се согласувам со ставот на господинот Белиланец дека се уште останува под знак прашалник професионалноста на новинарите и нивниот етички кодекс и колку тој се почитува. Зошто навистина не е во ред од било кои причини намерно да се изнесуваат клевети против кој и да било без разлика дали е човек на функција или не. Уште еднаш ќе потенцирам дека ова е вистински чекор на владејачката партија да докаже дека не сака да врши никаков притисок кон новинарите
Од: bobi
Датум: 30.12.2008 00:48:23
demek imaat demokratski kapacitet i se otvoreni za kritiki.da ne se lazeme lugevo se daleku od demokratija .
Од: Anita -Kavadarci
Датум: 30.12.2008 01:07:10
Па што сакате пак вие новинарите мене ми звучите како да жалите што нема кој да ве тужи. Ако ве тужат плачете зошто ве тужат. Ако ги повлечат тужбите велите дека се работи за политички маркетинг, јас навистина не можам да сватам што се случува со вас.
Од: Кирил
Датум: 30.12.2008 01:33:17
Потег за поздравување на ВМРО-ДПМНЕ. Звучи како подадена рака. Лично имам впечаток дека личностите наспрема кои оваа партија водеше судски процеси се типични партиски сдсмовски пера кои не еднаш ја посрамотиле својата професија. Се надевам дека овој потег ќе освести многумина залутани во новинарството.
Од: Itar Pejo
Датум: 30.12.2008 03:02:02
Dali Frcko gi spasi novinarite? Mozda na vladata i stana jasno deka Frcko ce ja vlece vo Strazburg kade sto on ce dobie?
Од: Robert
Датум: 30.12.2008 03:34:53
Taka e Roberto Belichanec.Problemot kaj nas e neprofesionalniot stav na nekoi novinari (ne site)zatoa sto ima dosta odgovorni i strucni novinari.Megjutoa da se plasiraat neprovereni gluposti i nevistini vo dnevni stampi(site bez isklucok)e stvarno neprimerno i nedolicno.So ova ne gi branam politicarite-tuku naprotiv najostro sum protiv nivnite aferi,korupcii i razno razno gluposti,megjutoa istite pred da bidat objaveni vo javnosta MORA da bidat provereni i izneseni vrz fakti.
Од: ljupco,bitola
Датум: 30.12.2008 07:04:25
Koj veli posle deka Dedo Mraz ne zaobikoli.Ete gi nagradi novinarite so neotugjivo pravo da treskaat zeleni cela godina potoa.So drugi zborovi,vlasta gi licencira novinarite za sirenje lagi i nevistini.
Од: zabegan
Датум: 30.12.2008 08:10:17
abre novinari ve lazat.zarem im veruvate sto rekle dosega se izlagale.laga do laga.
Од: Приказни-за-деца
Датум: 30.12.2008 08:37:54
Ја, мајката!? Демек, повторно тезата: Сите партии се исти, а, еве, ние први се поправивме! Само, не забораваме дека владата тоа го прави, како во најтоталитарните режими, во минатото што правеле. Владата дури и се засилува. Демек, вмро се демократизира, а за владата „Мицко“ е одговорен.
Од: Трпе
Датум: 30.12.2008 08:41:14
Аху,аху,аху....Дедо Мраз чести.Во емисијата ХО кога му се поставуваше незгодно прашанје секогаш во неговиот стил кашлаше (се извинувам можеби човекот настинува пред жешки шоуа ).Кога заглавуваше во вакви емиси ,што би се случило да излезе во дуел пред поголема група новинари кои немат влакно на јазикот или пред опозицијата.
Од: VMK
Датум: 30.12.2008 08:48:21
Новинарите треба да се нагрдуваат,не да се тужат.Све повеке гледам и слушам дека новинарите ја потикнаа хуманоста во луѓето во Македонија.На Канал 5 во ем.Здраво Македонијо кај Роберт се повеке и повеке се јавуаа луѓе кои нудеа бесплатни пакетчиња,помош за луѓе кои немаат да им купат на своите деца ништо за Нова Година и Божиќ.Еден од Нерези господин рече дека секое дете што не ке добие ништо да го донесат во Нерези за Коледе и ке добие пакетче и се што посакува...нели е тоа заслуга на новинарите,не на политичарите,алчни,злобни...Политичари време ви е или да се поправите или да си одите од Македонија.Остајте ги новинарите да е водат државата похумани се од Вас.Позз. до сите новинари и Среќна Нова година и многу успех...
Од: jas
Датум: 30.12.2008 09:05:16
Eftin marketing !!!
Izbori se blizat , izbori se blizat !!
Од: Anja
Датум: 30.12.2008 09:12:37
Tocno taka, ova e samo eden od mnogute marketinski potezi, na ovaa bezumna vlada. Odkako suetata na mister Rejting se zadovoli so presudata vrz Frckovski, sega veke ne e vazno za drugite. Kako moze Premier da bide tolku mizeren i da laze pred celiot makedonski narod, vo sinokesnata emisija na Robert, koga so polna usta, gledajki vo oci na novinarot, rece deka SDS ima stotici tuzbi protiv novinari i deka neveruva deka tie ke imaat doblest da gi povlecat. Pa ovoj ti bil patoloski lazgo-prav baron Minhauzen! E i po ova soznanie, neka ni e so sreka Novata godina, mozebi narodecov malku ke ni se osvesti!
Од: Кичево
Датум: 30.12.2008 09:29:54
Зарем не Ви текнува на сите зошто е сево ова. Па напролет се избори. Сега откако ги повлекоа тужбите очекуваат сите новинари само за нив позитивно да пишуваат а телевизиите да им го качуваат рејтингот. А после изборите пак по старо,тужби,апсења и сл.
Новинари достојно вршетеја својата работа и не наседнувајте........
Од: Раде
Датум: 30.12.2008 09:41:57
И после членовите на Владата од се чудат кога некој ќе ги нарече НЕСЕРИОЗНИ. Па како човек да ги оцени постапките на некои кои си играат дрндупки: прво тужам, па после не тужам, прво ја брукам Македонија, па после велам пу-пу не важи, прво носам идиотски закони, па после велам не важат тие ќе ги преправиме, прво велам нема криза па носам мерки против криза ... Вам тие постапки ви изгледаат за ЗРЕЛИ постапки од ЗРЕЛИ личности?
Од: Do Anita-VMRO
Датум: 30.12.2008 10:39:28
Sto mislis Ani za tvoite milenici Latas i Tomic a i mnogu drugi??? Ligusot Latas go gledame sekoj den kako pluka po opozicijata i gi velica "golemite podvizi na vladata", i zosto Rejting ne se pojavi kaj Tomic na spektakularnoto sou Glas na narodot, Gjorcev ne uspea da gi najde 85 lugje koj ke go velicat VMRO
Од: Jasmin
Датум: 30.12.2008 10:39:45
Gledam deka pretzno komentarite se od simpatizeri na SDS. No ve molam zosto celo vreme ste so negativen stav prema vladata.Pa dobro bre luge, zar ne gledate deka sepak se trudat da napravat nesto za nase podobro utre: plakaneto na danokot kolku tolku go dovedoa vo red, eden po eden gi cistat kriminalcite, tolerantni se prema pazardziite, reformi vo isplatata na plati za nase dobro za da imame samite uvid vo toa kolku s-va ni se izdvojuvaat za osiguruvanje, besplaten PAP za zenite i sega eve nagrada i za novinarite..pa daj ne barajte preku leb pogaca. Bilo reklama pred izbori!!! Pa zarem SDS i Branko ne se reklamiraat na ovoj ili onoj nacin.Tu bre sto narod ke bevme, od nisto zadovolni.
Од: ДимоАго
Датум: 30.12.2008 11:54:29
Многу лицемерно од владата ако не почнат од сопствениот двор.Како да им верувам кога најтенденциозните новинари се дел од провладините електронски и печатени медиуми.Не ја почитуваат институцијата претседател, го сатанизираат секој влијателен политичар кој може да им наштети на нивниот рејтинг.АПЕЛ до помилуваните новинари да не отстапат од нивното објективно информирање, да продолжат со објективното критикување на власта и да не си земаат за обврска дека сега и се должни на владата(напротив), да не ни се случи тотален информативен мрак во 2009.