Број 2875  вторник, 30 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Даут Реџепи ќе го тужи Мендух Тачи

Поранешниот член на ДПА и пратеник од редовите на оваа партија, Даут Реџепи Лека, кој деновиве беше исклучен со одлука на тесното претседателство на партијата ги отфрла обвинувањата од екслидерот Мендух Тачи дека тој зел пари од друга партија за да ја напушти ДПА и дека во последно време одбивал да ги спроведува партиските одлуки. Лека вчера пред новинарите рече дека тој за партиската одлука и за обвинувањата дознал од медиумите и од интервјуто на Тачи дадено за весникот „Дневник“, поради што најави дека ќе поднесе кривична пријава против својата довчерашна партија и против весникот.

„Ќе беше чесно доколку господинот Мендух Тачи ми објаснеше од која партија имам земено пари и во која партија, наводно, сум сакал да одам. Другите образложенија се дека сум бил непослушен и не сум ги спроведувал партиските одлуки. Вистина е дека не сум спроведувал некои одлуки, но тоа е затоа што тие беа спротивни на достоинството и човечкиот морал“, образложи Лека. Тој вели дека му било забележано затоа што постојано се залагал за реформирање на партијата, односно децентрализирање на партиското раководство и дека некои од партиските функционери спроведувале чистки во партијата. Прашан дали ова исклучување е поради обвиненијата против него со хашките случаи, тој рече дека ќе докаже „дека е невин и тоа со многу повеќе аргументи отколку што можат да го докажат спротивното“.

Лека не сакаше конкретно да одговори дали своето натамошно дејствување ќе го продолжи самостојно или, пак, како што првично беше речено, дека ќе премине во партијата на Имер Селмани. Вели дека за тоа се' уште е рано и дека ќе донесе одлука откако ќе се консултирал со своите „поддржувачи и сопартијци“. (Св.У.)


Статијата е прочитана 738 пати.

Испрати коментар

Од: od tetova
Датум: 30.12.2008 00:15:09
pa pa paaa...sve mu udrilj i mu pravilj kako tuzhibaba u maqedonija..sve mu tuzhi na svi...nema dsrugo rabota pa hajd ...pravac sed
Од: deniz
Датум: 30.12.2008 01:00:01
ne sum u nikakva partija i voopsto ne glasam no ovoj gospodin nema zavrseno nitu sredna skola a blagodarenie na taci stana pratenik,,pa mislam deka ednas zasekogas kako leka,taci,boskovski ,i drugii takvi nacionalisti treba da si imaat malku sovest i ednas zasekogas da se maknat od politikata..
Од: neutralen
Датум: 30.12.2008 11:02:48
vreme bese da dojde do razdelbata pomegju taci i leka.bez obzir koj e dobriot ili koj e losiot, od pocetok ne bea vo edna talasna dolzina.dodeka taci ja kritikuvase i ja kritikuva do den deneska vojnata vo 2001,kako nesto pogresna i nepotrebna, leka ucestvuval vo nea aktivno i velat bil komandant na brigada 112.spored logikata na nestata, od pocetok toj trebase da bide so ovie od dui, pa kako veli narodot kaj site turci i hasan tuka.a sto se odnesuva do negovoto obrazovanie, izgleda ne e sam, ima polno drugari vo sobranieto koi nemat nekoe obrazovanie.a taci izgleda uspeva od sekogo da eksploatira ponesto, da go iscrpi ono sto vo odredeniot moment vredi vo politickiot pazar.taka bese i so bardul mamuti.koga moze, moze. ali do koga kje mu u spejt?
Од: 0d ilirida
Датум: 30.12.2008 11:24:25
napred predsedatelle taka treba
Од: spaski
Датум: 30.12.2008 16:52:18
ako i ovoj e od onie planinski ludje od dui na taci ne mu trebaat vakvi sarlatani ubijci kruminalci i nepismeni ludje. Visoko seuste gi cenam selmani i taci edinstveni intelektualci lideri od albanskiot narod koj se interesni sto i kako gi kazuvaat sostojbite i situaciite vo politikata i okolu neja. Ima isto uste nekolku dobri politicari od albancite koj nie makedoncite gi respektirame onie krajnite ekstremnite bez razlika na koja partija pripadjaat tie se gubitnici i vremeto ke gi zgazi takvite.Dobar poteg vo sekoj slucaj uste ednas dobar politicar za mene ako covekot ima poznavanja na nekolku jazici tecno da gi zboruva pokazuva samoto nesto toj covek e intelegenten i e kosmopolit sirokograden i miroljubiv covek i ke bide prifaten od site gradjani bez razlika na nacionalnsot i vera.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Различни прогнози за развојот во 2009
Претходен број
Зденко
Во болниците како во реално шоу
ЕЛЕМ молчи кој ќе набавува струја
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече тужбите против новинарите
Партиски избор
Остануваат уште 6.000 барања за денационализација
Израел и Хамас започнаа војна
Вербатим
Староновогодишна приказна
Донесен Буџетот за 2009 година
Фудбалер исклучен по само три секунди во Англија!
Тешко, а ќе биде уште потешко