За опозицијата, Буџетот не е за сите граѓани и не е развоен, а ниту соодветствува на кризата
Александрија Стевковска
Собранието вчера го донесе Буџетот за 2009 година. Станува збор за најобемен буџет досега, чие усвојување се одвиваше според новиот собраниски Деловник и во три дена собраниска анемична расправа што ја карактеризираа претежно монолози и предлози од опозициските партии, кои беа отфрлувани од владејачката партија, чии пак пратеници речиси и не беа присутни на расправата. Вчерашниот ден на собраниското „тресење“ на највисокиот економски документ продолжи во истиот дух. Опозицијата обвини дека Буџетот не е за сите граѓани и не е развоен, а ниту соодветствува на кризата, чии последици ќе се почувствуваат идната година, и дека земјава е пред банкрот, додека пратениците од парламентарното мнозинство со сите сили го бранеа владиниот предлог и остануваат на ставот дека се работи за развоен буџет и дека тоа ќе биде одговорот на земјава на предизвиците од кризата. За Буџетот беа доставени 204 амандмани, од кои беа прифатени само 15, и тоа предложени од позицијата, а се однесуваат на обезбедување дополнителни средства за собранието, МАНУ и ДИК.
Пратеникот од СДСМ, Андреј Петров, оцени дека предложениот буџет е преамбициозен и несоодветно распределен, во најголем дел наменет за регулирање плати и социјални трансфери. Тој смета дека се непотребни двојно зголемените инвестиции во образованието за набавка на компјутери и опрема и оти тие се првенствено неопходни во основната инфраструктура на училиштата.
„За Буџетот, како исклучително важен документ, Владата треба да ги прифати основните забелешки и само така ќе можеме да поминеме побезболно во 2009 година“, смета Петров, посочувајќи оти претстои специфичен период за државата поради глобалната економска криза. За Горан Мисовски од НСДП, загрижувачка е приходната страна во структурата и не се остварливи планираните наплати на одредени давачки и полнењето на Буџетот поради последиците од економската криза. Мисовски забележа дека обемот на капиталните инвестиции е на исто ниво како и во 2008 година.
Пратениците од владејачката коалиција ги оценија како неиздржани обраќањата на опозицијата.
„Не е точно дека Македонија е пре�� колапс и оти системот ќе се распадне.
Точно е дека ќе има последици од кризата, но со мерките од Владата и натаму ќе се продолжи со редовно и правилно прибирање на приходите во Буџетот“, истакна Оливер Деркоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Борис Стојменов од ВМРО-Македонска партија, анализирајќи го движењето на БДП во изминатите 15 години, рече дека е забележан мал раст во 1998 година, изразен и 1999 и 2000 година, пад поради кризата во 2001 година, по што следува стагнација од неколку години и раст во последните три години.
„Може да се види пораст во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа се објективни бројки“, смета Стојменов и посочи дека кај Буџетот има рапиден раст од 2005 година. Реплицирајќи, Марјанчо Николов од СДСМ рече дека политиката на Владата се базира на потрошувачка и оти со досегашните проекции воопшто не се става во кондиција реалниот сектор, што, пак, не носи нови инвестиции и намалување на невработеноста.
„Овој Буџет воопшто нема разбирање за тешката економска ситуација на граѓаните, за лошата состојба во однос на ликвидноста на фирмите, го интересира само Владата да ги собере своите приходи по што повеќе разни основи“, нагласи Јован Манасиевски од ЛДП. Според него, нема категорија, од работник до земјоделец, што со овој Буџет нема да биде повеќе оданочена.
„Сите категории се оданочуваат со поголеми ставки. На тој начин се прибираат енормно високи средства што е планирано да се потрошат на непродуктивни и многу дискутабилни начини“, рече Манасиевски.
По завршување на општиот претрес, имаше амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2009 година, во кои беа отфрлени неколку амандмани со кои опозициската СДСМ предложи средствата од буџетот предвидени за непотребни реклами, како што рече Јани Макрадули, да се пренаменат за подигање на човечките ресурси во Собранието, за изградба и подобрување на условите во парламентот и за поголеми плати и надоместоци на вработените во законодавниот дом. Радмила Шекеринска обвини дека власта воопшто не ги разгледува нивните предлози за измени во Буџетот, преку вградување амандмани, туку автоматски ги отфрла, бидејќи доаѓаат од опозицијата, а потоа сите гласаат како што сака Владата.
Буџетот за наредната година е планиран да изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари (2,7 милијарди евра). Приходите се проектирани на 153 милијарди и 215 милиони денари, а дефицитот е проектиран на 2,8 отсто во однос на планираниот БДП. Според проекциите на Владата, БДП ќе продолжи да бележи висока стапка на раст од 5,5 проценти.
За поздрав е овој чекор на парламентот, а посебно на владата бидејќи само со ваков буџет, со добра развојна компонента може да ја заштитиме македонската економија од глебалната финансиска криза. Да не заборавиме дека субвенциите за земјоделството се зголемени, предвиден е пакет економски мерки за спас на стопанството (а според владата ќе бидат превземени и други), многу проекти за развој на образованието, информатичкото општество, спортот, културата и секако пакетот социјални мерки коој треба наскоро да биде донесен за најзагрозените граѓани во државата. Браво за владините експерти
Од: miki maus
Датум: 30.12.2008 00:19:10
ne e za opozicijata dobro ni koga se ima pari.vo nivno vreme se nemase pari za tolkav budjet zosto samite gi kradeja.e sega ne se kradi pa se ima.napred gruevski
Од: t24
Датум: 30.12.2008 00:59:17
sekogaskoga vmro e na vlst vo makedonia ima razvoj---za to ima fakti mnogu------------------------toa narodot go ceni i zatoa na poslednite izbori rezultatot bese vo golema korist na vmro- dpmne----------------a,sdsm ---->zborovi zborovi zborovi-->tie ni samite so sebe ne znt sto da pravat-a ne pak da vodat drzava
Од: bobi
Датум: 30.12.2008 01:02:14
Ednostavna e ekonomijata.Kolku pogolem budzet tolku poveke danoci , kazni, poskapuvanja za obicniot covek.
Од: Boshko
Датум: 30.12.2008 01:05:20
Ej gospode,koj moze da belezi porast vo ovaa globalna kriza seg glupaci,
Namesto budzet za prezivuvanje ,vladata pravi gluposti,toa se ochekuva samo od nestruchnjaci.
i samo bendisani.
Од: Кирил
Датум: 30.12.2008 01:39:57
Имаме добро скроен буџет за наредната 2009 година. За жал и понатаму не видовме зрела расправа, особено не од опозицијата која и овој пат излезе само со празни напади. По она што го слушнав имам впечаток како СДСМ да молат да имаме лоша 2009 за подоцна да се јават како 'спасители'.
Статистичките податоци доволно зборуваат. Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ секогаш има раст на GDP, додека за време на владите на СДСМ има стагнација и пад.
Од: Македонец
Датум: 30.12.2008 02:38:58
Сдсм шири лаги. Буџетските пари се пари од граѓаните кои преку раэлични даноци, процеси итн.. се исплатени на државата. Најголемата причина эа "инаетот" на Социјал демокомунистичкиот сојуэ е тоа што нема да можат Тие да ги трошат парите. Но на Македонија и треба нова инфраструктура, патишта итн.. нешто што Сдсм эаборави во претходните нивни 3 мандати.
Од: Ико Кавадарци
Датум: 30.12.2008 09:12:47
Целосно ја разбирам опозицијата - во економијата буџетите се виша математика и затоа не може секој да се разбира во нив.
Од: nacional
Датум: 30.12.2008 09:19:54
буџет скроен за локалните избори. Додека народот нема што да јаде, тие гледаат да му ја исцицаат и последната капка крв.
Од: реалист
Датум: 30.12.2008 10:06:05
Буџетот е голем затоа што парите од даноци од граѓаните не исчезнуваат како некогаш. Затоа има пари и за да се покачат пензиите и за платите и за сали и за стадиони па и за реклами за Македонија кои се вртат по светот. Е сега сдсм неможе да се помири со тоа затоа што знаат што ги чека на следните неколку избори и како што им кажа Рада ќе губиме.губиме,губиме,губиме...............................
Од: ДимоАго
Датум: 30.12.2008 10:44:27
Да го потсетам Мики Маус дека парите што сега ги има владата на ВМРО се заштедени од владата на СДСМ.Друго прашање е дали е подобро да ги штедиш ако незнаеш да ги инвестираш или да ризикуваш во погрешно инвестирање.За жал, за овие години владеење на ВМРО видовме само дека добро инвестираат во саморекламирање.Се надевам дека владата знае што прави бидеќи со ваков голем буџет ако ја утне работата лесно може да и се случи банкрот на Македонија
Од: zelezara
Датум: 30.12.2008 11:28:38
Do t24.Ti be kako da si od nekaja druga planeta,koj razvoj be drzavata ja donesovte do bankrot .Dali e normalno pri vakva svetska kriza da se nosi vakov budzet.Gledame drugite drzavi kako go stegaat remenot stedat na site mozni nacini a kaj nas se se raboti naopacki,ima nasata vlada za trosenje udri po dzepot na narodot.I dodeka ima takvi kako tebe sto glasaat za ovaa vlada rabotava ni odi se naopacki
Од: Dr
Датум: 30.12.2008 11:50:02
Jas bi iskomentirala za edna vest koja strashno me izrevoltira a toa e deka carinicite kje imale beneficiran staz i deka platata na carinicite so viskoko obrazovanie se dvizi od 32000-34000 .Mislam deka e sramno carinik da ima beneficiran staz a eden lekar da nema.Tie bile izlozeni na izduvni gasovi , stud, a na shto sme nie izlozeni?!Stres , kontaktt so fekalii, urina , krv izlozeni na rizik od zarazni bolesti.Sramno e eden lekar specijalist da ima osnovna plata od 24000 denari a eden carinik so kupena diploma 32000-34000.I na krajot ve molam ednash ispitajte im go potekloto na imotot. Dovolno e da se proshetate po site pogranichni mesta i kje vidite vednash cii kukji se nacarinicite a cii se na lekarite.Istoto go mislam ne samo za mojata profesija tuku i za drugite necarinski profesii.Konfiskuvajte im go imotot i bugjetot kje se napolni.Tolkavi plati za da ne bile korumpirani......pa taka neka se rakovodat pri odreduvanje na platite na site profesii.........