Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Ќе поевтинува водата во Битола

БИТОЛА - Управниот одбор на „Водовод“ во Битола одлучи цената на водата за домаќинствата да ја намали за 20 проценти откако од почетокот на годинава ја поскапе за речиси 120 проценти. Така наместо 30,25 денари колку што плаќаа битолчани во изминатите осум месеци за секој потрошен кубен метар вода, цената ќе се намали на 24,25 денари за кубик. Меѓутоа, поевтинувањето нема да биде и за претпријатијата, и натаму ќе плаќаат по 45 денари за кубен метар вода.

Од ЈП „Водовод“ како причина за корекција на цената на водата ја наведуваат намалената платежна моќ на граѓаните и сложената економска состојба на државата. Ваквата одлука на битолски „Водовод“ на 31 август треба да ја потврди и Советот на Општина Битола.

Предлогот не остана без реакции од опозицијата затоа што овие партии во битолскиот Совет лани остро се спротивставија на поскапувањето.

„Лани власта не' убедуваше дека водата во Битола поскапува во интерес на нашите деца, дека ако треба ќе ги загубат изборите, но водата мора да поскапе. Сега излегуваат со предлог за поевтинување. Но, да не се лажеме, ја поскапеа цели 117 проценти, а сега ќе ја намалат за само 20 отсто“, реагира Валентин Груевски, советник на ЛДП во Битола.

Опозицијата о��вини дека со предлогот што ги опфаќа само домаќинствата власта не покажува разбирање за тешката состојба во која се наоѓа стопанството. Од тука ЛДП прашува дали методологијата според која е пресметана цената на водата што ја платиле граѓаните во изминатите осум месеци, е законска. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 758 пати.

Испрати коментар

Од: pola VE pola BT
Датум: 27.08.2010 00:09:03
E nejse mu tekna veke - kaci 100 slezi 80 .Ama i toa ne ne vadi od kalta - mnogu e dlaboka

Најди! во Утрински
Политика
Пеколот на азилантка од Куманово во Ротердам
Антикорупциска ќе работи на вересија
Фабриката за автобуси „Санос“ под мраз
Штипска професорка обвинува за мобинг
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“