ШТИП - „Пет години го трпев мобингот од директорот на гимназијата во Штип, Ристе Петковски. Но, кога состојбата кулминира со отказно решение за мене, решив случајот да и' го дадам на увид на јавноста, за целата ситуација да го запознаам министерот за образование, а правдата да ја побарам на редовен с��д“. Вака се пожали Соња Шијаков, професорка по македонски јазик и литература во гимназијата „Славчо Стојменски“, која вчера на импровизирана прес-конференција пред споменикот на депортираните Евреи во центарот на Штип ги кажа своите маки. Професорката Шијаков го обвини својот директор Петковски дека наспроти зголемениот број часови по нејзиниот предмет, тој и' врачил отказ по дваесет години работен стаж во образованието.
„Отказот дојде во момент кога во гимназијата ‘Славчо Стојменски‘ имаме 44 слободни часа по македонски јазик и литература. Дваесет часа директорот и' дал на колешката, а другите часови ќе ги дал на оглас, односно ќе примел нови професори по мојот предмет. Директорот води хајка против мене, а зошто го прави тоа - не знам“, се чуди Шијаков.
Во отказното решение стои дека професорката добива отказ на договорот за вработување од ноември 2000 година, поради распоредување на испразнето работно место библиотекар. Во истото решение стои дека на оваа професорка и' се нуди склучување нов, променет договор за вработување на неопределено време со полно работно време на извршување работи и работни задачи библиотекар. Денешниот ден е последен за професорката да го потпише решението, а, во спротивно, таа ќе остане без работа.
Ристе Петковски, директор на штипската гимназија, вели дека професорката Шијаков намерно погрешно ја дезинформира јавноста дека добила отказ.
„Јас сум одговорен за тоа на најдобар можен начин да ја менаџирам работата на училиштето. Во таа смисла е и овој потег, со преместувањето на Шијаков од едно на друго работно место, согласно СО нејзините квалификации. Ја распоредив на упразнетото работно место библиотекар за кое се потребни образовни квалификации, кои професорката ги има. И на новото работно место нејзината плата останува иста, а таа ништо не губи од преместувањето. Мое легитимно право е да преземам потези за кои сметам дека се во ��нтерес на нашето училиште, кое со години е најдобро во општината. Не сакам ништо повеќе да кажувам за оваа професорка за да го заштитам нејзиниот дигнитет, а уште повеќе дигнитетот на училиштето“, истакна Петковски.
Шијаков пред новинарите појасни дека за мобингот од директорот пред четири години го информирала тогашниот министер за образование. „Министерот го препрати моето писмо до директорот по кое моите маки станаа уште поголеми“, појасни Шијаков, која не знае кои се причините за таквиот однос на директорот СПРЕМА неа.
Во недостиг од доволно информации за случајот на оваа професорка, од нејзини колеги дознаваме дека Шијаков не била омилена личност ниту меѓу персоналот ниту меѓу учениците. Имала чуден начин на комуникација со колегите, но и во оценувањето на учениците. За нејзината работа имало многу петиции од ученици и ОД родители. Таа, пак, тврди дека имала високи критериуми во оценувањето, дека не сакала да пишува петки на ученици што не заслужувале, ниту двојки и дека не подлегнувала под притисоци да им попушта на учениците што не ги заслужиле своите оценки.
„Кога еднаш и јас попуштив под таквите притисоци, резултатот се виде. При полагањето на матурските испити најголем број од учениците на кои им дадов одлични оценки едвај извадија двојки и тројки“, тврди Шијаков.
Во нашето образование последниве години се јавија многу случаи на отпуштања на професори и на наставници од политички причини. Во овој случај и двете страни тврдат дека во случајот со Шијаков нема политика. Расплетот се очекува од Основниот суд во Штип каде што професорката ги бара, како што вели, „своите нарушени права“.
Vo ovoj slucaj nema politika!A sto ima?Profesorkata ne bila omilena licnost,a sto mislite direktorot dali e omilena licnost.Ucilisteto e so godini najdobro vo opstinata!Po koj kriterium,kriteriumot na direktorot li,Vo Stip site znaat koj e Riste Petkovski,do vcera SDSM a sega VMRO.Starata ljubov na R.P. Spasko Simonovski ,dedoto na gradonacalnikot Z.Aleksov e vecnata potkrepa na direktorot.A znaete li koj e R.P. direktorot na gimnazijata,dojdete nautro ke videte NAJISKOMPLEKSIRANATA osoba kako nautro seta vo ucilisniot dvor nebare ima nesto izgubeno,tocno deka ima izgubeni i toa MORALOT,PROFESIONALNOSTA,CESNOSTA, I NA KRAJOT COVECNOSTA.COVEKOT NAUTRO SETA KAKO DA GO IMA IZGUBENO KOMPASOT !
Од: kole
Датум: 27.08.2010 00:24:24
Пази Богати колку јак менаџер ти8 бил овој Ристе???? Дури пазел и на дигнитетот и на професорката, та дури и на училиштето???? Кај ли го учел менаџментов овој Ристе??????? Можда на Туристичкиот во Ѓевѓелија???????
Од: realist
Датум: 27.08.2010 02:58:54
Pusta politika i pari odat zaedno,ako profesorkata ocenuvala realno sigurno deka mrzelivite studenti i nivnite roditeli se protiv nea,sekoj si ima svoi bolki,i place od niv,a za direktorot mozebi treba da zaposli nekoj svoj.Profesorke nosi go na sud samo i pusti sudii se za svojot geb,se nadevam ke ima pravda.
Од: qwertrjkhj
Датум: 27.08.2010 14:13:55
Како не и е срам да излегува по весници со вакви коментари па и другите да коментираат во врска со тоа и да ја оправдуваат кога цел Штип, а можеби и пошироко бидејки има и ученици од други градови ја знаат нејзината приказна .Каков мобинг какви глупости кога таа е најомразениот професор во целата гимназија која своите фрустрации ги лечи со учениците и ги малтретира психички , а за несоодветното оценување несакам ни да почнувам да коментирам поради тоа што нема да ми достаса место за тоа, едноставно е несоодветен професор . Не отказ, нејзе треба воопшто да и се забрани да предава во која и да било воспитна - образовна институција. Мобинг од директорот хаххаахаххааха едноставно иронија!!
Од: Соња Шијаков
Датум: 27.08.2010 17:06:57
Демант на написот ШТИПСКА ПРОФЕСОРКА ОБВИНУВА ЗА МОБИНГ од
Дописникот Иван Бојаџиски
Почитувани,
Огорчена од начинот на работење на Вашиот дописник И. Б. којшто сметам дека ја искривил вистината за мојот случај,реагирам со демант. Имено, во мојата постапка, во која 5 год. се борам со огромниот притисок од страна на дир., јас во име на вистината излегов со точни имиња и презимиња и со цитирани изјави и закани од кои дел ги имам евидентирано со снимка. За разлика од тоа, новинарот излегува со општи констатации против мене, не откривајќи ги имињата на изворите на информациите во име на вистината. Иако јас на одржаниот прес на ден 26. 8. 2010 г., кажав дека дир. ме обвинува за високи критериуми во оценувањето, новинарот во дописот ми ги извртел зборовите и напишал дека тоа е мое тврдење (!? ) Сакајќи да копа по мојот личен профил, исконструирал и приказна дека не сум била омилена меѓу персоналот и учениците и дека сум имала чуден начин
Од: ана
Датум: 27.08.2010 21:01:41
Зарем не се доволни резултатите од матура, зарем не се гледа дека петки на матура имаат оние кои учеле од професорката Шијаков?
Сакаме трајно знаење и заслужени оцени, а не само да ни минуваат часовите.Сакаме одлично да го владееме нашиот мајчин јазик.Професорката се труди што повеќе да не обогати со знаење, а како и' се враќа.
Од: J
Датум: 27.08.2010 21:05:38
Ovaa profesorka e stroga! No, jas licno sum prezadovolna od nejze. I bev ucenicka 8 godini, i vo osnovno i vo sredno i mozam samo da go izrazam moeto zalenje za celava situacija,
Profesorke, samo napred!
Vie ste za primer!
Од: roditel
Датум: 27.08.2010 23:13:46
Ovaa profesorka e najomrazenata profesorka od strana na ucenicite.Svojata nesposobnost i nestrucnost saka da ja gradi izigruvajki nekakov ,, avtoritet '' pomegu ucenicite.Ja znaeme site, i ne treba taa da se pravda. Kako moze, da eden dobar del od ucenicite vo gimnazijata se odlicni ucenici so site petki, osven nejziniot predmet.Zarem makedonskiot jazik e potezok predmet od matematika, fizika, hemija..... Zar ucenicite imaat petki po angliski i germanski jazik, a ne mozat da go naucat svojot majcin jazik?I bibliotekarskoto mesto i e premnogu.Konecno direktorot gi prifati nasite baranja.
Од: иван
Датум: 28.08.2010 14:00:00
Одговор на „демантот“ на Шијаков:
1,На прес конференцијата во врска со нејзиниот случај не бев поканет само јас од новинарите, зошто?
2. Вели-„излегов со имиња“ а излесе со ИМЕ...она на директорот.
3. Самата потврди (на мое прашање) дека во случајот политика нема..
4. Самата рече дека имала високи критиериуми при оценувањето
4.Откако како новинар не успеав да ја најдам причината а за тоа не сакаше да говори ноиту директорот јас се обидов во гимназијата да дознаам нешто повеќе за оваа професорка која првпат ја гледам во животот...Тоа што го дознав тоа и го објавив.
5. Откако излезе текстот Шијаков преку мобилен беше мошне дрска кон мене како новинар што веројатно го отсликува нејзиниот карактер...само затоа што сум се дрзнал да навлезам во причиноте за случајот...Ако кон новинар со 49 годишно искуство може да си дозволи таква некултура и ароганција, можете да си замислете се понатаму..