Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Фабриката за автобуси „Санос“ под мраз

Билјана Ангеловска

Стопанска банка - Битола ја активираше хипотеката врз недвижниот имот на фабриката за производство на автобуси „Санос“, со што оваа скопска фирма се најде пред затворање. Но, од фабриката демантираат. Категорични се дека „Санос“ не се затвора, туку само се става во мирување, а обврските кон Стопанска банка АД Битола по основа на кредити за недовршеното производство кое се наоѓа во производната хала, а кои заедно со каматите достигнуваат 2,6 милиони евра ќе се покријат со продажба на дел од имотот.

„Традиција во производството на автобуси во Македонија се изгуби и вршењето на дејноста на ’Сан��с‘ стана нецелисходно. Поради тоа, но и поради многу други стопански непогодности, основачот одлучи да ја стави фабриката во мирување. Нема услови да продолжи да работи во Скопје, бидејќи не може да работи профитабилно. Но, ’Санос‘ има договор за продажба на лиценца и ноу-хау технологија и во најскоро време ќе биде дислоцирана, односно ќе продолжи да произведува автобуси во една од земјите со брзорастечки економии, каде што се погодни и условите за развој на вакво сложено производство“, појаснува Виолета Терзиоска, втор управител и финансиска директорка на „Санос“.

Според неа, домашната фабрика за производство на автобуси е обврзана да произведува нови автобуси си примена на Еуро 4 и Еуро 5 стандард, додека Владата дозволи увоз на употребувани автобуси со стандард Еуро 1. Истовремено, единствената јавна набавка на нови автобуси во изминативе 15 години им беше доделена на, како што вели, непроверени странски понудувачи од Украина и од Кина во однос на нивните европски хомологации. Од друга страна, пак, не постои стимулирање на превозниците од јавниот превоз на патници за набавка на нови транспортни средства и подобрување на условите за превоз на патниците во Македонија, ниту субвенции за извоз на домашниот производ на странски пазари.

„Имајќи го предвид сето тоа, сега е сосем непрофитабилно да се довршуваат почнатите автобуси кои беа наменети за домашниот пазар во договор со странски партнери и доставувачи на агрегати од најновата европска технологија. Бидејќи, илузорно е да се очекува домашните купувачи да набавуваат нови автобуси ’Санос‘ со Еуро 5 мотори“, вели Терзиоска.

Инаку, имотот на „Санос“ е проценет на малку повеќе од 26 милиони евра. Сопственикот Славе Распашковски вчера потенцираше дека долговите на фабриката кон Стопанска банка - Битола, вклучувајќи ги и каматите, се само една десеттина од вредноста на имотот.

Како што е познато, скопскиот производител на автобуси „Санос“ учествуваше речиси на сите тендери што ги распишуваше Министерството за транспорт и врски за набавка на двокатни автобуси. Но, и покрај неколкупати поништените набавки, домашната фирма не беше првопласирана ниеднаш, а редовно, како најповолни понудувачи беа посочувани кинеската или бугарската компанија. Сепак, „Санос“ не се откажуваше од учеството на тендерите, обидувајќи се да му укаже на инвеститорот (Владата) дека е подобро автобусите да ги прави домашна фирма, а не работата да и' се даде на странска компанија, бидејќи на тој начин можеше да се обезбеди работа за неколку години, а истовремено да се вработат и нови 500 лица. Но, државата не и' даде предност на скопската фабрика и ја склучи зделката со кинеската „Јутонг“. Речиси е извесно дека работата немаше да дојде до овој степен и фабриката можеби ќе се спасеше од затворање доколку Владата му ја довереше на „Санос“ изработката на 202 двокатни автобуса. Особено поради што што веќе извесно време фабриката едвај преживува и работи само кога има договорена зделка, а не континуирано.

Тоа дека економската криза тешко ги погоди гранките од стопанството кои и' припаѓаат на металната и електрометалната индустрија, најдобро покажуваат статистичките податоци. Според нив, само во првото полугодие од оваа година производството во металопреработувачката дејност е паднато за 24,7 проценти, додека, пак, производството на електрични машини и апарати за цели 58,8 отсто. Производството на моторни возила, приколки и полуприколки, дејност во која спаѓа „Санос“, во првите шест месеци забележало пад од 17,7 проценти. „Навистина ќе беше добро зделката со двокатните автобуси да ја добиеше ’Санос‘, оти во неа ќе се најдеа уште 100-ина други фирми. Тоа беше одлична шанса и ние да се инкорпорираме и речиси сигурно да ги преживееме наредните години. Но, немаше чекор за да се помогне, а ќе беше движечка сила и за другите дејности, како што се за производство на стакло, тапацири, метал...“, вели Аце Антевски, претседател на Здружението на електро и металопреработувачката индустрија на Македонија при Стопанската комора.


#
Статијата е прочитана 1618 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 27.08.2010 07:35:52
Patriotski go uni[tija...KUPUVAJTE MAKEDONSKI PROIZVODI????
Од: John Rotterdam
Датум: 27.08.2010 09:15:48
Se razbira "Sanos" ke bankrotira... Znaete li koklu ke maznat Ministerot i nekoi negovi pajtasi od Ministerstvoto za Transport i Vrski za sklucenite 2 zeldki za avtobusite: - Ednokratnite 100 Ukrainski avtobusi: 20 milioni x 20% = 4 milioni Eura. Zatoa ministerot Mile i to... bea u Ukraina TAMU da go potpisat dogovorot; - Dvokratnite 200 Kineski avtobusi (so falsh kineski sertifikati za kvalitet) koi nikoj ne gi upotrebuva vo Evropa. Imaat referenca samu u Turcija so isto taka matna zdelka. 40 milioni x 20% = 8 milioni Evra. TOTAL = 12 M Eura ke se slijat na bankarska smetka /. smetki vo Kipar. Koga im kazav za tenderot na Van Hoff - Holandska firma za proizvodstvo na avtobusi, kosata na glava im se digna i ne sakaa da slusnat za tenderot imajki "inside" informacija za provizijata koja Pajtashite ja baraat. Taka drugarcinja od Sanos. Barajte si gi parite kaj Mile i kompanija i to...
Од: nikola
Датум: 27.08.2010 10:21:49
zarem e potreben komentar??????????
Од: стрико Петре
Датум: 27.08.2010 10:23:08
Авторот на текстот пренесува информација дека имотот на САНОС "е проценет на малку повеќе од 26 милиони евра." Добро ќе беше да се прочепка неколку години наназад и да се наведе информацијата, за колку пари господинот Распашковски ја купи оваа фабрика. Ако не се лажам, тоа беа 1.050.000 евра.
Од: antika
Датум: 27.08.2010 10:34:50
a so menadzerite ako se tolku sposobni i imaat kvaliteten proizvod ne najdat pazar nadvor od makedonija i se fatile samo za tenderot na vladata.
Од: јас
Датум: 27.08.2010 10:55:34
КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ ! Колку глупаво и колку скапо звучи ова од устата на нашиот ни овчар !!„Најголемиот ни патриот што го родила мајка Македонија“ .Човекот што ќе ја погреба Македонија...
Од: весела
Датум: 27.08.2010 12:22:16
А каков е тој висок рејтинг на владата и од каде? кога фијаска и дубиози на сите страни.
Од: Zapad
Датум: 27.08.2010 15:48:07
Koga krizata go zafati cel svet,vladite od Germanija,Francija,SAD,Italija i drugite zemji sto imaat proizvodstvo na vozila gi subvencioniraa sopstvenite gragjani za kupuvanje na novite vozila za da ne prestane proizvodstvoto,odnosno da ne im se sluci na fabrikite toa sto mu se sluci na Sanos.No,nie daleku sme od moderniot svet,nie seuste sme zaglaveni 100000 godini pred novata era.
Од: baze
Датум: 27.08.2010 23:48:42
avtobusite sanos se brend so visok kvalitet i barani nadvor od Makedonija. No, iluzorno e da se nabavuvaat avtobusi od stranstvo bez prethodno proveren kvalitet i rejting na firmata.
Од: јоле
Датум: 28.08.2010 00:17:13
Сопственикот на Санос г-дин Распашковски ако успеал да го зголеми капиталот да речеме за 7години, во соседството тоа е параметар за успешен бизнисмен и висок рејтинг на фирмата. Но, што се случува кај нас ????????????

Најди! во Утрински
Политика
Пеколот на азилантка од Куманово во Ротердам
Антикорупциска ќе работи на вересија
Штипска професорка обвинува за мобинг
Ќе поевтинува водата во Битола
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“