Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

„Еуросуперот БС-95“ поскап за половина денар

Малопродажната цена на „еуросуперот БС-95“ се зголемува за 0,50 денари за литар, цената на „еуросупер БС-98“ не се менува, а цените на дизел-горивата се намалуваат за еден денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,65 отсто, односно за 1,26.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 68 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ и натаму ќе се продава за 69,50 денари по литар. Новата цена на „еуродизел“ (Д-4В) ќе изнесува 56,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) - 45,50.

Со одлуката, за 0,855 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе се продава за 30,745 денари за килограм.

Како причина за промената на цените на нафтените деривати се посочуваат за 0,34 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта и за 2,05 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот, во изминатите 14 дена. (МИА)


#
Статијата е прочитана 311 пати.

Испрати коментар

Од: Не одраа со автоплинот
Датум: 26.10.2010 12:50:44
Дали некој во оваа држава се грижи за цените на автоплинот???
Од: Збунет кој бара одговор
Датум: 26.10.2010 15:17:09
Зошто Регулаторната комисија ги утврдува цените со три децимали? Денарот е составен од 100 дени, што значи дека цената треба да се искаже во две децимали. Тоа па што има само парична единица од 50 дени е друг проблем.
Од: taxist
Датум: 27.10.2010 01:38:34
namaluvajte go avtoplinot bre alooo, ne mozi piperkite kolku mesoto da bidat skapi.

Најди! во Утрински
Економија
Буџетот се полни подобро од планираното
Владата ветува - в година нема да го цица стопанството
Проработеа клештите за неплаќачите на струја
Националната банка на Грција го зголеми капиталот
Да се одбегне двојното оданочување






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU