Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Да се одбегне двојното оданочување

Земјите што се најголеми трговски партнери на Македонија немаат склучено договори за одбегнување на двојното оданочување. Од Стопанската комора на Македонија побараа Владата да работи на склучување повеќе вакви спогодби, за да се олесни тргувањето, да се зголеми извозот и да влезат странски инвестиции. Но, додека се воспостават такви договори, од Комората предлагаат да се користат конвенциите што ги има потпишано поранешна СФРЈ, што е дозволено со Уставот на Македонија.

„Договорите за слободна трговија за одбегнување на двојното оданочување за заштита на инвестиции, царинска и соработка на другите инспекциски органи во граничните процедури, заемното признавање на сертификатите за квалитет и техничките стандарди, сертификати за потекло, заемно признавање на судските одлуки и соработка на судските органи, меѓусебно признавање на возачки дозволи и дипломи за образование, како и либерализираните визни процедури се предуслови за економски раст со зголемување на извозот и привлекување на странски инвестиции“, рече Љубица Нури, СКМ.

Според анализите на Комората, еден од главните приоритети е и либерализација на трговијата со Руската Федерација. На врвот на приоритетите се и Грција, Косово, Белгија, САД и членките на ЕУ, потоа потписничките на Централноевропската иницијатива за слободна трговија, но и земјите од Блискиот Исток. Инаку Македонија во првата половина од годинава тргувала со 171 земја. Остварила извоз во

вредност од 1,73 милијарди долари. Лани тој бил 1,45 милијарди, а во 2008 година 2,48 милијарди

долари. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Буџетот се полни подобро од планираното
Владата ветува - в година нема да го цица стопанството
Проработеа клештите за неплаќачите на струја
Националната банка на Грција го зголеми капиталот
„Еуросуперот БС-95“ поскап за половина денар






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU