Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Националната банка на Грција го зголеми капиталот

Националната банка на Грција овој месец го зголеми акционерскиот капитал за 1,8 милијарди евра преку продажба на хартии од вредност на своите постојни акционери на финансиските пазари. „Планот за зголемување на капиталот донесен од Управниот одбор на банката беше реализиран со голем успех затоа што на првата понуда банката забележа 1,83 пати поголем интерес за хартиите од вредност од планираниот, односно беа побарани акции во вредност од 3,3 милијарди евра наспроти првично понудените 1,8 милијарди евра. Со зголемувањето на акционерскиот капиталот, НБГ се искачи на петтото место во Европа според стапката на адекватност на капиталот. Во согласност со планот за зголемување на капиталот, втората фаза која треба да следи дополнително ќе влијае позитивно на стапката на адекватност на капиталот, со што НБГ ќе го заземе лидерското место меѓу европските банки според стабилноста и капиталната сила“, се вели во соопштението на НБГ што го пренесува Стопанска банка како дел од групацијата НБГ. Според Стопанска банка, овој потег докажува дека заедно со матичната банка се обврзани да продолжат дејствуваат во насока на развој на економијата. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 326 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Буџетот се полни подобро од планираното
Владата ветува - в година нема да го цица стопанството
Проработеа клештите за неплаќачите на струја
„Еуросуперот БС-95“ поскап за половина денар
Да се одбегне двојното оданочување






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax