Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Грција ја спасуваат 80 милијарди евра

Претседателот на германската Бундесбанк, Аксел Вебер, го изјавил ова пред мала група германски пратеници

За да биде спасена од банкрот на Грција можеби и' се потребни дури 80 милијарди евра. Претседателот на германската Бундесбанк, Аксел Вебер, изјавил дека Грција може да има потреба од 80 милијарди евра финансиска помош за да се справи со кризата, пренесува американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Вебер го дал овој коментар пред мала група германски пратеници на состанок зад затворени врати, а информацијата ја пренел анонимен извор. Според изворот, состојбата во Грција се влошува и бројките постојано се менуваат.

Министрите на земјите од еврозоната и' предложија на оваа балканска земја, западната во долгови, заеми до 30 милијарди евра оваа година, со камата од околу пет отсто, доколку Грција има потреба од тоа.

Меѓународниот монетарен фонд, пак, може да одвои 10 или 15 милијарди евра итни заеми годинава. Според официјални лица, повеќе заеми може да бидат ставени на располагање следната година и во 2012 година, пренесува „Волстрит џурнал“.

Во меѓувреме, „Дејли телеграф“ коментираше дека грчкиот премиер Јоргос Папандреу „игра покер“ со Европската унија, одложувајќи го активирањето на пакетот финансиска помош за земјата, што веќе го одобрија ЕУ и ММФ за санација на огромниот внатрешен долг на Грција. Тоа, според лондонскиот весник, предизвикува сомневање во Брисел околу вистинските намери на грчкиот премиер, па се претпоставува дека со одолговлекувањето Атина само настојува да се избори за подобри услови за земјата во натамошниот тек на преговорите. Самиот Папандреу објави дека во следните неколку седмици ќе се одлучи дали да се активира механизмот на масивната финансиска помош од странство, инсистирајќи дека одлуката ќе зависи од процената дали е тоа во најдобар интерес за Грција. Неопределената позиција на грчкиот премиер сугерира дека Владата во Атина, место да го прифати одобрениот пакет помош тежок 45 милијарди долари, би можела да се определи за репрограмирање на својот долг, констатира „Дејли телеграф“.

Лондонските медиуми јавуваат и дека проблемите во европскиот воздушен сообраќај, што ги предизвика вулканскиот облак од Исланд, го одложи планираниот „важен состанок“ во грчкиот главен град, меѓу тамошната влада и високи претставници на ЕУ и на ММФ, за детализирање на финансиската помош. Тоа може да му даде повеќе време за размислување на Папандреу, но ја зголеми неизвесноста на меѓународните финансиски пазари за конкретните облици помош за грчката економија.

И самиот Папандреу се огласи околу тоа кои биле причините за грчката криза. Според него, таа се должи на недостигот од транспарентност, како и поради корупцијата и несоодветното трошење средства од даноците што ги плаќаат Грците. „Тоа се однесува, пред се', на начинот на функционирање на државата, па до недостигот од почит спрема државата од страна на индустриските здруженија, групите на интереси, а честопати и на граѓаните кон самите институции во државата и несоодветниот однос кон правилата за етика“, додаде Папандреу. Сето тоа се совпаднало во даден момент со високото ниво на буџетскиот дефицит во државата што, според него, е производ на сомнителни дејства.

Еден ден претходно грчкиот премиер изјави дека доколку е неопходно Атина без двоумење ќе прибегне кон механизми на отпуштање финансиска помош од ЕУ и од ММФ. „Доколку интересот на земјата наложува да го искористиме мехамизмот на поддршка, тоа ќе го направиме без колебање и ќе ги информираме граѓаните за секоја наша одлука. Ние не бегаме, туку ја преземаме својата одговорност“, се наведува во изјавата на Папандреу, објавена од неговата прес-служба.


#
Статијата е прочитана 678 пати.

Испрати коментар

Од: remi
Датум: 21.04.2010 06:59:03
se zavrshi ubaviot i lek zhivot,,lesno e da zhiveesh na tudi legja,,,
Од: Silvester,Sydney
Датум: 21.04.2010 08:34:47
Zamislete zgora na ovie "neproduktivni" clenki na EU da se dodade i sedumdeset milionskata Turcija, i site balkanski drzavi. Pa duri togas zapadnite drzavi ke imaat visinski problem. Ete toa e edna od pricinite sto pogolemiot del od gragjanite ne EU nejkat prosiruvanje. Mozebi se vo pravo, jas mislam.
Од: University Professor from USA
Датум: 21.04.2010 15:52:36
neka banknotira! Mozebi ke ja kupi nekoj i ke si napravi nova drzava!

Најди! во Утрински
Економија
Пролетните средби на ММФ и на СБ под прашалник
И летово на одмор со скап зелен картон?
На аукција обврзници од 1,5 млрд. евра
Комерцијална повлече нога и ги намали каматите
„Тојота“ повлекува 10.000 теренци „лексус“