Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

„Тојота“ повлекува 10.000 теренци „лексус“

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ објави дека ќе повлече 9.400 теренци од моделот „лексус“ ГЏ 460 за да се решат проблемите со контролата на стабилноста, што може да доведат до превртување на возилата. Американското списание „Конзумер репортс“ минатата седмица за овој тип возила објавил предупредување: „Не го купувајте: безбедносна опасност“. Предупредувањето го објавиле откако било направено тестирање на занесувањето на задниот дел при нагло свртување и појавувањето на опасност од превртување.

Од „Тојота“ објавиле дека овластените сервиси ќе го надградат софтверот за контрола на стабилноста во овие возила. Претходно „Тојота“ ја запре продажбата на теренецот ГЏ 460 и ги почнал безбедносните тестирања. Ова возило, што на пазарот во САД се појави во декември лани, се продавало по цена од 52.000 долари. „Тојота“ на американското министерство за трговија ќе му плати рекордни 16,4 милиони долари казна, бидејќи не ги известило властите во рок од пет работни дена за безбедносните проблеми во своите возила. Инаку, поради заглавувањето на педалот за гас и поради неконтролираното забрзување „Тојота“ неодамна повлече околу осум милиони свои возила. (Нетпрес)


#
Статијата е прочитана 378 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sydney
Датум: 21.04.2010 08:41:47
Kade e granicata? Koj e na red sega, - Honda, Mazda, Nissan.....Amerite ke napravat se za da si go spasat svoeto proizvodstvo. Ako istoto im go napravat Japoncite na Amerikancite so takvi rigorozni merki za kvalitet na amerikanskite vozila, togas vo Amerika ne bi postojala niedna fabrika za koli. Vo Japonija nema niedna amerikanska kola, zatoa sto po kvalitet se prakticno gjubre vo sporedba so nivnite. Jas i sega bi kupil Toyota namesto bilo koja amerikanska kola.

Најди! во Утрински
Економија
Грција ја спасуваат 80 милијарди евра
Пролетните средби на ММФ и на СБ под прашалник
И летово на одмор со скап зелен картон?
На аукција обврзници од 1,5 млрд. евра
Комерцијална повлече нога и ги намали каматите