Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Пролетните средби на ММФ и на СБ под прашалник

Средбите може да бидат одложени додека не се стабилизира состојбата со авиосообраќајот

Александрија Стевковска

Викендов министерот за финансии Зоран Ставрески би требало да учествува на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка. За време на престојот во САД се очекува Ставрески да оствари повеќе средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции.

Но, сите овие активности ќе се реализираат доколку владината делегација отпатува за Вашингтон, што е ставено под прашалник, со оглед на актуелната ситуација со блокирање на воздушниот сообраќај, поради вулканската пепел во воздухот што се движела кон Америка.

Се најавува и можност пролетните средби на ММФ и на СБ да бидат одложени, додека состојбата со авиосообраќајот не се стабилизира.

Доколку, сепак, викендов пролетните средби се остварат, тие

ќе доживеат своевиден континуитет и на домашен терен идната седмица, со оглед на тоа дека тогаш се очекува тимот на ММФ да ја посети земјава, за уште еднаш да направи ревизија на економските параметри и да согледа дали Владата ја држи економија на правилен курс, како и дали нејзините прогнози за раст, дефицит и останати движења се остварливи.

Засега од канцеларијата на ММФ во Скопје потврдуваат само дека тимот на фондот се очекува идната седмица, но велат и дека точно утврдени средби со надлежните во земјава се' уште нема.

Сите овие активности се прават во време кога економиите се' уште ги чувствуваат последиците од кризата и кога во сите буџети се јавува дупка поради послабиот прилив на приходи.

Овој проблем нашата Влада го решава со внатрешно задолжување преку аукциите на државни записи, а најави и дека во втората половина на годината земјава ќе се задолжи и надворешно преку издавање нова еврообврзница, бидејќи парите од неа ќе може слободно да се трошат. Аранжманот со ММФ, како варијанта за поевтино задолжување, Владата во континуитет го отфрла, бидејќи тоа налага критериуми за трошења што таа не сака да ги применува. Воедно, тоа би значело признание дека економијата ни е во тешка состојба.

Експертите коментираат дека сега воопшто не станува збор за склучување на аранжман со ММФ, штом тоа не беше направено минатата година, кога кризата беше во полн ек.

Во очекување на новите прогнози за раст на глобалните економии, што треба да бидат презентирани денеска, вчера ММФ објави само куса најава за зголемување на прогнозата за раст на глобалните економии.

Како причина за зголемената прогноза се наведува брзиот раст на е��ономијата на Кина, која и натаму го следи позитивниот тренд.

„Јужна Америка и Африка двојно побрзо закрепнуваат од кризата, за разлика од САД, Јапонија и од Европа“, велат од ММФ.

Во препораките на ММФ се вели дека Кина наскоро ќе треба да ја смени монетарната политика, бидејќи вредноста на јуанот е премногу ниска и оти таквото движење е во корист на Кина.

Во јануарските прогнози на ММФ се велеше дека светската економија годинава ќе нарасне за 3,9 отсто. За следната година се прогнозира растот да биде забрзан на 4,3 отсто.


#
Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.04.2010 00:12:09
Pa mozebi i podobro e da se odlozi. Da pocekame uste malku, da vidime do kaj sme(do dusa so ovie do nikade ne sme), ako uspeeme da gi namalime trosocite doma, stopanstvoto barem malku da ozivee, pa valjda ke mozeme da zadrzime status quo barem do krajot na godinata. So MMF treba da se vnimava sto nudat i kako nudat, ne e se vo niskite kamati, obicno oni uslovuvaat i so drugi navidum nevazni sitnici , a na kraj ke ispaden of lele majko. Toa Argentincite najdobro go znaat sto im se sluci so MMF i nivnite povolni krediti. Vnimatelno so dogovorite na MMF, ubavo da se izanaliziraat pred da se prifatat. A ona so evro-obvrznicite ako moze Grujo neka zaboravi. Neka stiska kais, a ne da se zadolzuva dodatno.

Најди! во Утрински
Економија
Грција ја спасуваат 80 милијарди евра
И летово на одмор со скап зелен картон?
На аукција обврзници од 1,5 млрд. евра
Комерцијална повлече нога и ги намали каматите
„Тојота“ повлекува 10.000 теренци „лексус“