Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

И летово на одмор со скап зелен картон?

Министерството за финансии никако да пресече и да ја намали цената на зелениот картон на 10 евра за сите

Соња Маџовска

Зелениот картон ќе чини само 10 евра како во најголемиот дел од другите држави, но никој не знае да каже кога конкретно ќе се случи тоа. Министерството за финансии, иако покажа волја да ја намали цената на зелениот картон и уште од минатото лето прави анализи за тоа, во меѓувреме како да се издиша со намалувањето на акцизите и на царината, па сега тактизира околу цената на зелениот картон.

Можеби ќе беше најдобро наместо да се одолговлекува со ова прашање, за да се одоброволат осигурителните компании, Министерството за финансии заедно со падот на акцизите и со зголемувањето на старосната граница за увоз на половни автомобили, во пакет да ја намалеше и цената на зелениот картон на 10 евра за сите.

Осигурителниот бизнис не е единствен за ова прашање, на едни им одговара да се намали цената, други се против. „Се' е математика. А во врска со цената на зелениот картон немаме ништо ново да кажеме“, велат од Националното биро за осигурување.

Според размислувањата на некои осигурителни компании, треба да се спојат зелениот картон и премијата за автоодговорност. Една од опциите е граѓаните при осигурување на автомобилот да платат, на пример, уште плус 10 евра, без разлика дали тие ќе патуваат или не во странство. Осигурителните компании не попуштаат за премијата за транспортерите. Тие остануваат на ставот дека за транспортерите премијата треба да остане висока, бидејќи исплатата на штетите за нив е најголема. Според нив, последниве три години од осигурувањето на товарните возила загубите постојано им се зголемуваат. Транспортерите, пак, упорно бараат да нема двојно осигурување.

„Осигурителните компании кај нас се заштитени како мечки. Само во Македонија се плаќа двојно осигурување. Транспортерите плаќаат 36.000 денари за осигурување од автоодговорност и 27.000 денари за зелен картон, плус 10.000 денари за приколка. Наша заложба е овие две осигурувања да се спојат, со што ќе се намали цената. Но, засега нема ништо ново. По толку увезени возила, во април, мислам дека треба Министерството за финансии да донесе одлука за намалување на цената на зелениот картон“, вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.

Инаку, пред секој празник, особено поради приближувањето на годишните одмори, се' позачестени се прашањата на граѓаните што да прават и каков зелен картон да набават. За нив сегашната цена за зелениот картон е превисока. Кај нас за еден месец тој чини 2.450 денари, за три месеци се плаќа 3.670, за половина година 5.500, а за една година 9.760 денари.

Граѓаните сметаат дека токму поради намалувањето на акцизите се отвора простор да се намали и цената на зелениот картон. Се' повеќе во јавноста се шпекулира дека мерката за увоз на половни возила ќе ја отвори и вратата за да се намалат трошоците на граѓаните што ги даваат за регистрација, за зелен картон и за осигурување. Ова е поттикнато и од очекувањата дека во земјава ќе се пререгистрираат и голем број возила со странски регистарски таблички.


#
Статијата е прочитана 3001 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 21.04.2010 00:24:19
какво откажување какви бакрачи па ако се откажат помалку пари месечно ке штанцаат и плус тоа за толку малку пари феликсаните нема да лаат по пишани медиуми..............ОТПОР ПРОТИВ ИЗДАЈНИЦИТЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ
Од: заинтересиран
Датум: 21.04.2010 00:33:46
како е можно за PICK-AP кој има носивост од 700кг. и шлепер кој има носивост од преку 20 тони зелениот картон да биде со иста цена? мислам дека е крајно време да се намалат цените на зелениот картон, а со самото тоа и голем број од возилата кои што се возат со странски таблички ќе се регистрираат во Македонија.
Од: Горан
Датум: 21.04.2010 01:21:48
Осигурителните компании се добри само кога треба да ти ги земат парите, а кога треба да ти исплатат оштета за автомобилска несрека одма ти вадат каталошки вредности на автомобилот што е со 3 пати помала вредноста на возилото и тотално се разликува од каталогот со кој се царинат увезените возила. И така на возило со вредност од 7.500 ЕУР тотално уништено од ЕУРОЛИНК (НЕ)о��игурување добив бедна сума од 3000 ЕУР и квалитетно изгубив 4.500 ЕУР во незгода за која воопшто не бев виновен. а виновникот ќе плати само казна од полиција од 250 ЕУР. дали има правдина во оваа држава?
Од: Nato-Jato
Датум: 21.04.2010 08:03:06
Moze li nekoj da mi objasni zosto ne se izdava zelen karton za pomalku od mesec dena , na primer za 1 den ,itn . Ponekogas sum odel vo stranstvo i na nekolku casa a plakjam karton za 30 dena???? Zosto plakjam usluga koja ne ja koristam, kade e zdruzenieto na potrosuvacite ....i .t . n.
Од: Sale
Датум: 21.04.2010 08:08:20
I posle nekoj ke rechel da gi registriraat vozilata so Bugarski tablici tuka. Pa so Bugarska tablica komshijata moj, za 50 eura dobva registracija i zele karton a jas "tapcho patriot" 150 Eura za registracija + 150 za Zelen karton. Ah be Stavre Stavre...
Од: Egon Walter
Датум: 21.04.2010 09:12:43
Во Германија, на Зелената карта е бесплатна! Зошто да се плаќа толку многу во Македонија? Дали Македонците како лоши возачи? Јас не ги разбирам. Каде е пари, кои осигурителните компании бараат.
Од: tase
Датум: 21.04.2010 10:55:19
Zasto ovaa vlast ponekogas taka ne provocira i maltretira iako im e jasno deka treba da se reagira brzo-i dali trebe da se nervirame pa da si receme -dosta ne dupat vo rebra i menuvame strategija ,birame drug i kraj.
Од: Mite
Датум: 21.04.2010 12:23:05
se dodrka ne se ukini Monopolot na osiguritelnite kompanii ovaka ke bide... a pari za Patishta da se zemaat SAMO od gorivato, ne od registracijata..sega nekoj vozi 50.000km godisno, nekoj 2.000km, isto plakaat za patishta.. so Zelenite kartoni si gi krpat "namestenite" grabezi na bankite..javna tajna e deka toa e reket za partiite, ama site molcat, "vrana vrani oci ne vadi"
Од: Филип
Датум: 21.04.2010 12:56:40
Нормално е да не намали цената на зелениот картон затоа што во ниедна соседна земја нема такви цени. Но осигурителните компании да не ја префрлаат топката на Министерството за Финансии, туку тие се тие кои што одлучуваат за цената. Кажете ја еднаш вистината

Најди! во Утрински
Економија
Грција ја спасуваат 80 милијарди евра
Пролетните средби на ММФ и на СБ под прашалник
На аукција обврзници од 1,5 млрд. евра
Комерцијална повлече нога и ги намали каматите
„Тојота“ повлекува 10.000 теренци „лексус“