Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Второ и трето место за македонските кандидати за „Балканика“

Лауреати на наградата „Балканика“ за 2008 и за 2009 година се Исмаил Кадаре и Сема Кајкусуз

Невена Поповска

Во изборот за Балканика, за најдобро книжевно дело во 2008 и 2009 година, што се одржа викендов во Валона, Албанија, македонските претставници, романите „Жените Гаврилови” на Кица Б. Колбе, и „Дваесет и првиот” на Томислав Османли влегоа во најтесниот избор.

Романот на Османли, „Дваесет и првиот“ влезе во самото финале заедно со добитникот на наградата Балканика за 2009 година, Исмаил Кадаре со неговиот роман „Запленет“. Како што не информираа од „Магор“- македонска членка на Фондацијата „Балканика“ „до последниот круг, со најпозитивни критики, романот на Османли добивал мнозинство гласови, за наредниот круг, па во финалето влегол лесно, каде што бил надгласан од романот на Кадаре.“

Романот на Кица Б. Колбе, „Жените Гаврилови“ исто така ги помина рундите до три најдобри дела, со многу пофални оценки, и таму бил рангиран на третото место. Наградата Балканика за 2008 година ја добри турската претставничка Сема Кајкусуз, со делото „Пад од молитви“.

Претседателот на седумчленото меѓународно жири, (чиј член од Македонија беше проф. д-р Александар Прокопиев), д-р Ендрју Вахтел, особено ја истакна вредносната доминација на Македонските дела во последниве години, и рече дека за него македонската литература претставува едно долготрајно откритие.

Пласманот на нашите дела во најтесниот избор во висока книжевна конкуренција, е успешна потврда на вредностите на современата македонска проза, и на критериумите на националните жирија, кои ги изгласаа овие две дела.

Комисијата одлучуваше за два романи бидејќи минатата година не се одржа жирирање и не беше избрано најдоброто балканско литературно дело за 2008 година поради здравствени проблеми на неколку членови на Фондацијата „Балканика“, која е организатор на настанот, со седиште во Бугарија.

Македонските кандидати за високото литературно признание „Балканика“, кое се доделува за најдобро прозно дело на Балканот се романите: „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли, издание на „Блесок“, кој е кандидат за 2009 година и „Жените Гаврилови“ од Кица Б. Колбе, издание на „Табернакул“ за 2008 година, се натпреваруваа со реномирани книжевни имиња на Балканот, меѓу кои е и Исмаил Кадаре, претставникот на Албанија, кој зад себе има номинација за Нобелова награда за литература.

Пред заминувањето во Албанија, Томислав Османли изјави дека „за него претставува особен предизвик фактот што ќе биде национален претставник на ова високо признание, особено зашто во листата кандидати со кои ќе се соочи неговиот роман се исклучителни имиња кои, како што рече, секому чинат чест. Без оглед, продолжи Османли, што во листата се истакнати автори, како Исмаил Кадаре, кој самиот по себе е книжевник од голем габарит, би требало на човек да му се затресат книжевните коски кога ќе се соочи со таков еден бард на современата книжевност... Но, за среќна околност го сметам тоа што нема да се натпреваруваат книжевни величини, туку конкретни книжевни дела, што и на мојот роман му даваат можност да се соочи на еден респективен, па дури и надежен начин во доделувањето на наградата“, рече Османли.

Александар Прокопиев - член од Македонија во меѓународното жири смета дека „ учествувавме со комплексни, предизвикувачки, автентични, индивидуални и многу вредни книжевни дела. ’Балканика‘ станува исклучително престижна награда, потенцира Прокопиев, за што сведочи и годинашното учество на сериозни авторски имиња, како Срѓан Ваљаревиќ од Србија, Дејан Енев од Бугарија, Теодор Дамјан од Романија... Ова е доказ дека ’Балканика‘ се доближува до многу високо реноме и во моментов тоа е најреспектабилната балканска книжевна награда“, вели Прокопиев.

Издавачката куќа „Магор“ е организатор на изборот на дело од македонски автор кој учествува во трката за најдобра книга на Балканот, романите на Османли и Колбе ги објави на англиски јазик.

Инаку, досега македонски претставници за наградата „Балканика“ биле реномирани македонски автори: Михаил Ренџов, Гоце Смилевски, Димитар Башевски, Лилјана Дирјан, Ермис Лафазановски, а Венко Андоновски е единствениот што го доби ова престижно признание за романот „Папокот на светот“.

Голем дел од македонските претставници за наградата „Балканика“ се добитници на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, а тоа е случај и со романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли, додека Кица Б. Колбе го доби признанието на „Утрински“ за романот „Снегот во Казабланка“.


#
Статијата е прочитана 1307 пати.

Испрати коментар

Од: Emilija
Датум: 29.11.2010 14:41:07
Bravo! Golem uspeh za nasite knizevnici!

Најди! во Утрински
Култура
Светскиот музички патник се врати дома
Промовирана „Јулија“ од Ен Фортие во „Матица“
Со „Столови“ завршија „Денови на македонската култура“ во Лондон
Обука за употреба на знаковниот јазик на сцена
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars