Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Со „Столови“ завршија „Денови на македонската култура“ во Лондон

Со премиерна изведба на претставата „Столови“ од Ежен Јонеско во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во изведба на Мал драмски театар од Битола, вчера вечер во Лондон завршија „Денови на македонската култура“ во главниот град на Велика Британија.

Во претставата „Столови“ ќе настапат доајенот на македонското глумиште, актерката Јоана Поповска и врвниот бугарски актер Атанас Попдимитров.

„Тоа е претстава што во еден период се сметаше за една од најавангардните драми или драми на апсурдот, а денес наша реалност и секојдневје. Пораката од оваа претстава е врзана со човештвото, односно дали тоа ќе преживее или ќе се уништи само од себе“, истакна режисерот Ѓоргиевски во пресрет на премиерата во Лондон.

Дополнителен предизвик во претставата е настапот на бугарскиот актер Попдимитров, кој ќе зборува на македонски јазик, што, според Ѓоргиевски, е дополнителен квалитет за јазикот на театарот и за што очекува позитивна критика од сцените во Лондон, Софија, Цетиње, Подгорица и Виена, каде ќе биде прикажана претставата „Столови“.

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Лондон, почна на 16 ноември и во овој период во клубот „Табернакл“ беа прикажани филмот на Владо Цветановски „Тајната книга“, документарниот филм „Името си е име“ , Турската драма од Скопје настапи со „Госпоѓица Јулија“, а концерти одржаа „Леб и сол“ и „Фолтин“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 502 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Светскиот музички патник се врати дома
Второ и трето место за македонските кандидати за „Балканика“
Промовирана „Јулија“ од Ен Фортие во „Матица“
Обука за употреба на знаковниот јазик на сцена
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars