Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Синдикатот, Владата и работодавците во нова љубов

Маја Томиќ

Се раздвижија социјалните партнери откако во април дојде до смена на претседателските функции во Сојузот на синдикатите на Македонија кога Живко Митревски дојде на местото на Ванчо Муратовски. Речиси четири години замрзнатиот социјален дијалог и Економско-социјалниот совет, почнаа да функционираат. И работодавците и Владата покажуваат спремност за соработка со новата постава на ССМ. Тие деновиве седнаа на заедничка маса во Охрид, на регионалната конференција посветена на економско - социјалните совети и сите понудија мерки и си подадоа рака за идна соработка.

„Веројатно, ќе промовираме една поинаква идеја. Со социјалните партнери ќе потпишеме меморандум за справување со последиците од кризата и ќе ги дефинираме поединечните позиции и задачи. Треба да се прецизираат социјалните пакети кога ќе се креира економската политика, што ќе биде во прилог на зачувување на позицијата на работниците“, изјави в.д. претседателот на ССМ, Митревски. Според него, ССМ има своја стратегија и три пакети на мерки, кои ќе ги достави до социјалните партнери. Тие, пред се', ќе се однесуваат на намалувањето на невработеноста.

Според министерот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами, нашиот проблем со невработеноста е сличен како и во сите земји во регионот. „Но, земјава се соочува и со сивата економија“, истакна Бајрами, кој додаде дека бројките на Државниот завод за статистика за зголемена невработеност во првиот квартал од годинава не се реални поради сивата економија. Затоа Владата треба да се фокусира на нејзиното искоренување.

Ставот на работодавците е дека социјалниот дијалог е многу важен во време на криза за да можат да се избалансираат барањата и на едната и на другата страна.

„Ќе направиме програма за работа со приоритетни точки. Во делот на зголемувањето на вработеноста и на моќноста на компаниите. Прашањето е широко и сеопфатно. Верувајте, секогаш постои шанса и има излезни решенија дури и во услови на криза“, посочи претседателот на Здружението на работодавци, Димитар Стојановски.


#
Статијата е прочитана 588 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 02.07.2010 10:48:07
bla bla bla uste edno golemo bla na nasata blada
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:35:36
Кој синдикат? Зарем уште постои?
Од: Трпе
Датум: 02.07.2010 14:07:07
Народот што си бараше и тоа си го најде.Џабе е отпосле кубење на коси.Грујо+Блада+Собрание+Работодавец+Синдикат=СМРТ

Најди! во Утрински
Политика
Радикалниот исламизам маршира
Достоинство“ најавува формирање политичка партија
„Демос“ ќе живне наесен
Не го бојкотираме Уставен суд
Канцеларија за антикорупција