Судскиот совет проценил дека нема потреба да се произнесат околу иницијативите за оспорените правилници пред Уставен суд, бидејќи сметале дека секоја институција треба да си ја работи својата работа. Тие го оценуваат како „невкусен“ и коментарот на претседателот на Судот, Трендафил Ивановски, кој остро ги критикуваше поради лошата соработка. „Имаме право да дадеме одговор на иницијативата, но наше право е дали ќе го користиме. Наша оцена беше дека нема потреба од одговор на поведените иницијативи. Ние очекуваме и сме со убедување дека Уставниот суд си ја врши работата како што треба, а ние нашата“, изјави вчера по седницата претседателот на Судскиот совет, Васил Грчев.
Тој вели дека изготвувањето на конкретните правилници биле нивна законска обврска. „Законот бараше во определен рок да донесеме правилници околу текот на постапка за утврдување нестручно и несовесно работење, како и за дисциплинска постапка“, вели тој. (Г.Д.)
Ако нешто е најлошо во Македонија за ЕУ влез тоа се судовите. Побарав пола плата од директор кој неправедно ме избрка а тие да ти биле поврзани и морав да плаќам. Уставен е дувло ...незнам како точно имаше наслов на еден читан неделник.Без сенс за душата и гордоста на Македонецот кој прв пат изгради свои споменици во својата Македонија.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 02.07.2010 10:53:46
Што ли гледа Васил Грчев кога наутро ќе се погледне во огледало? Човек? судија? безкичмењак? дебелокожец? хуманист? полтрон? професионалец? дилетант? само он си знае.....
Од: sirma vojvoda
Датум: 02.07.2010 11:04:02
tamu vo sudovite se najgolemite kostapleri mitadzii na makedonija duri pogolemi i od lekarite
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:34:34
Страшно со овој народ кој не сваќа што е демократија,поделда на власта, улогата на невладиниот сектор ( граѓанскопо општество),поимањето на партиите како власт ...и ...што не...Племињата покрај племенскиот поглавар имале и племенски совети.Кај нас би им било да е само Пастирот кој ќе коли и беси?
Племеноидност??????????
Диктатура????????