Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Радикалниот исламизам маршира

Многубројните скандали и афери во ИВЗ ги делат верниците

Светлана Унковска


Тепачката меѓу двете групи што се случи минатиот петок во Иса Бег џамијата меѓу групата на оџата Рамадан Рамадани и Скопското муфтиство, Исламската верска заедница ја оцени како напад од страна на криминално-вахабистичка банда, која во Скопје е позната по своето радикално дејствување.

Како предводник во ширење на радикалниот ислам и криминалот, ИВЗ го посочува Рамадан Рамадани кој беше суспендиран од страна на Скопското муфтиство.

Со ова ИВЗ и официјално признава дека во Македонија веќе подолг период се шири фундаментализмот, финансиски поддржан од криминални структури.

Рамадани вчера контрадикторен. Најпрво ги отфрли обвиненијата за ширење радикален исламизам, а потоа рече дека тие не дејствувале организирано, туку индивидуално.

„Никој не ме разрешил. Тие донеле некаква си мистериозна одлука без никакво образложение зошто ме разрешуваат. Мене може да ме разреши само Реисот, односно поглаварот. Муфтиството нема надлежност за ме разрешува“, изјави Рамадани, кој истакна дека тепачката се случила кога одредена група насилно се обидела да ја прекинат молитвата во џамијата.

„Многубројните скандали и афери и внатрешни пресметки во ИВЗ ги делат верници. Оттаму и дојде до инцидентот. Тоа беше пресметка меѓу две групи верници и затоа ја повикувам ИВЗ да стави крај на ваквите случувања, да не ги дели верниците и да го врати угледот на оваа институција“, истакна вчера Рамадани.

ИВЗ вчера остро возврати обвинувајќи го Рамадани дека тој со својата група шири радикализам и ги тероризира граѓаните.

„Гробот кој сака да им го ископа на ИВЗ сега треба да им припадне нив и горди сме што не потпаднавме под нивното сценарио подготвено од вахабистичко-радикални структури. Одлуката за неговата суспензија е во согласност со уставно-правните норми на ИВЗ и секое на��тојување Рамадани да ја прогласи за нелегитимна е уште еден жив доказ дека вахабистичко криминалните структури, чиј дел е и тој се за непочитување на институциите и Уставот на ИВЗ. Тој одлуката за хатиб ја има земено со насилство, закани и оружје. Ова покажува дека Рамадани со својата група е за анархија, насилство, малтретирање и радикализација на граѓаните. Ние остро го осудуваме насилството и бараме од државните институции да го решат случајот и криминалните радикални групи кои оперираат во џамиите да ги седнат на клупата на правдата“, реагираат од ИВЗ.

Иса Бег-џамијата како верски објект наменет за молење, минатиот петок беше претворен во вистинска арена. Граѓаните со исламска вероисповед кои дојдоа на молитвата беа сведоци на скандалозен конфликт меѓу поддржувачите на Рамадан Рамадани и Скопското муфтиство. Најдебелиот крај, сепак, го извлече поранешниот пратеник на ДПА, Ештреф Алиу, кој доби неколку тупаници. Инцидентот избувнал откако на Рамадани не му било дозволено да држи верски проповеди затоа што бил суспендиран од главниот скопски муфтија Ибраим Шабани. За „Иса-бег“, како и џамиите „Јахја-паша“, „Султан Мурат“, „Алаџа“ и „Тутунсус“, веќе подолго време се тврди дека се упоришта на вахабистите кои преку проповеди шират радикален исламизам и тоа преку придобивање млади кои се учат да ги прифаќаат обичаите, однесувањето и начинот на облекување.

МВР врз основа на видеоснимката вчера поднесе прекршочна пријава против Бесник Ејуп, вработен во Агенцијата за млади и спорт поради напад врз експратеникот Ештреф Алиу врз кого се нафрли со тупаници и клоци. Истовремено, прекршочни пријави ќе бидат поднесени и за другите учесници во оваа тепачка.

Лентата со снимената тепачка ги лиферуваше ДПА, обвинувајќи дека зад групата на Рамадани стои градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Тој вчера не беше достапен да одговори на ваквите обвиненија.

Во инцидентот во џамијата „Иса-бег“, во која се случи физичка пресметка меѓу групата приврзаници на оџата Рамадани и скопскиот муфтија Ибраим Шабани, длабоко е вмешана политиката, тврдат извори за „Утрински весник“, кои сакаат да останат анонимни. Во целиот скандал се вмешани две групи, од кои едната е на ДУИ, а другата на ИВЗ. Целата битка е да се преземе ИВЗ, односно управувањето со прилично големите приходи и имоти. „Парите и моќта се единствените причини за целиот овој скандал, а зад сето ова стојат интересите на политичките партии“, велат нашите извори. Неофицијално се тврди дека нетрпението меѓу раскараните групи, кое трае од поодамна, сега кулминирало, откако Рамадани излезе во јавност со барање за изградба на Бурмали-џамијата и директни обвинувања кон ИВЗ. Иако и двете страни се залагаат за нејзина изградба, сепак, реисот Сулејман Реџепи е соочен со напади од другата страна, дека уште со претходната власт, кога ДПА беше на власт, се договорил во замена на изградба на џамијата да добие нов објект на Кале.


#
Статијата е прочитана 1922 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 02.07.2010 04:46:46
resantno,da nikoj ne znae za islamskiot Jurizdisen-Jurizdikcikja.Sekoja zamija e Svoja Jurizdikcija. I.V.Z.,e Asociacia,a ne Jurizdikcija.Ramadani e totalno ispraven, so negoviot Statement. I.V.Z e,Asociacia na;Religisko Veruvane,Religiska Tradicija,Afinitet Prema Pripadnosta na toj Religiozen Domen,ama vo islamot nema nikakva Religiozna-Verska- Dogmatska Jurizdikcija! Sekoja Dzamia e Jurizdikcija za Sebe.\Samo vo secularnite drzavi,se izmisli I.V.Z, samo, da bi mozela taa Secularna Vlast ,da ja kontrolira Islamskata Veroispovest!
Од: Nikola
Датум: 02.07.2010 07:32:53
RADIKALNIOT ISLAMIZAM MARSIRA a nadleznite "ja sledaat situacijata"...vo sekoja druga zapadnoevropska drzava ili pak Amerika , za takvo dejstvuvanje se odi vo apsaana.A kaj nas ? UUF..uf..se vnimava koalicijskiot partner da ne izleze od vladata,od parlamentot, pa posle ke dojdat "dozdovnicite"od EU i NATO i ke ni solat pamet.
Од: Zachuden
Датум: 02.07.2010 08:57:00
Najprvo, mora da se istakne vistinata deka, site ovie neredi od strana na "Ramadani i negovata banda"(kolku misteriozno od eden teolog) se pravat vo ime na RELIGIJATA, veruvajte pochituvani, se e za sopstveni interesi.Zal mi e za mladinata shto se iskoristeni od ovie stari volci kako Bekir Halimi i Ramadani, koi gi hipnotiziraat za nivnite celi. Znajte deka ova ne e od ISLAMOT i tie shto gi pravat ovie dela voopshto ne se MUSLIMANI. So pochit...
Од: nenad
Датум: 02.07.2010 10:38:38
Беше жално да се гледа како тепаат човек кој според возраста може да им биде татко. И тоа Ешреф Алиу, поранешен пратеник и министер кој навистина оставаше впечаток на паметен, доблесен и чесен човек.
Од: mkd
Датум: 02.07.2010 10:38:55
A policijata sto ceka???? POKANA??? DAj malce tresnete ja glavata i rascistete so toa zlo,bidejki ako se ostavi samo ke napravi pogolema steta
Од: Ajnur
Датум: 02.07.2010 11:52:30
Prvo poimot Vehabi go izmislile protivnicite na Islamot a ne dolikuva IVZ da gi narekuva edni diplomirani teolozi taka ako se tolku tie dobri oci neka odat tie neka predavat vo camiite nego si go gledat svojot interes za svojot ceb a ve molam nemojte da tvrdite deka Ramadani priznal deka ima vehabi koga takva izjava nemate dobijeno ne e dobro za vasiot vesnik toa ve molam objavete
Од: ?!
Датум: 02.07.2010 12:39:05
Овој и слични проблеми се проблеми на исламот,кој треба да ги решава.Делот кој се плашел,или треба да се плаши,од другиот дел,исто така се делови од исламот.Никој надвоор од Исламот не треба да се плаши,и нема потреба да се меша.или да превзема нешто.Само така ќе се решат проблемите.Некој,ако посакува да ги искористи за свои цели и да му наштети на исламот,тогаш природно е да се јавува дополнителен конфликт.ИВЗ а итаа која случаите треба да ги решава,дискретно внатре во институцијата.Вака преку медиумите,и повиканите и неповиканите,си земаат за право да коментираат по свој терк.
Од: nekoj
Датум: 02.07.2010 13:01:23
e ova ke ne donese poblisku do AVGANISTAN nego do EVROPA
Од: krst
Датум: 02.07.2010 13:55:38
i so ovie nie ke odime vo evropa?pa polovinata ne si ja pocituvaat verata a baraat prava?sramota.vo gjamija se tepaat.tie nemaat nikakva pocit kon verata a gradat gjamii na sekoj chosh.mizerija
Од: nekoja
Датум: 02.07.2010 16:00:24
za religijata i nejzinoto mesto, a za opasnostite i zalnosta na radikalizmot site treba da go gledaat filmor Kite Runner (Upravuvac so zmej), odlicen presgled na ziviotot vo Avganistan vo poslednite 30-ina godini.

Најди! во Утрински
Политика
Достоинство“ најавува формирање политичка партија
„Демос“ ќе живне наесен
Не го бојкотираме Уставен суд
Канцеларија за антикорупција
Синдикатот, Владата и работодавците во нова љ��бов