Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Достоинство“ најавува формирање политичка партија

Светлана Унковска

Здружението на бранителите „Достоинство“ најавува дека на следните парламентарни избори, без оглед дали ќе бидат предвремени или редовни, ќе учествуваат активно политички. Под ова се подразбираат три можности - да поддржат одредена политичка партија, дел од членството на изборите да излезе со независни листи и како отворена е опцијата за формирање политичка партија. Ова за „Утрински весник“ го потврди првиот човек на здружението, Стојанче Ангелов, кој најави дека и во раководството и во членството сериозно се размислува за формата на идното политичко дејствување. Изминатите неколку избори членството на „Достоинство“ гласаше по сопствено убедување, но сега се смета дека гласовите на бројното членство ќе го насочат кон онаа политичка опција која ќе се залага за решавање на нивните отворени барања.

„Би биле најсреќни ако оваа Влада им излезе во пресрет на нашите барања, во тој случај ние ќе немаме потреба да се мешаме на изборите. Но, бидејќи дрско не' игнорираат, одлучивме на наредните избори да не стоиме настрана, туку нашите гласови да ги дадеме на онаа партија која ќе ги исполни нашите барања. Исто така, како отворена можност останува и дел од нашето членство да излезе со независни листи, но како отворена опција останува и да формираме политичка партија“, ни изјави Ангелов. Иако пред само неколку месеци, на четвртото Генерално собрание на здружението, тој тврдеше дека нема политички да се ангажира, односно дека нема да станат дел од партијата на Љубе Бошковски, значи дека на идните избори довербата ќе му ја дадат на Обединети за Македонија, првиот човек на „Достоинство“ одрекува таква можност.

„Како ќе постапиме, ќе одлучиме пред изборите. Договор за соработка ќе потпишеме со онаа партија која ќе вети дека ќе ни ги оствари барањата. Единствено со ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатиме никаков договор ниту какво било ветување пред изборите. Тие ќе ја добијат нашата поддршка единствено ако во овој период до изборите ги остварат нашите барања“, истакна Ангелов. Тој прецизира дека од владејачката партија нема да прифатат ветувања, ниту потпишување некаков срамен договор, како што се случи тоа со стечајците. Такви обиди со нудење бенефити само на раководството имало и порано со цел да се амортизира влијанието на здружението, но ниедно не е прифатено затоа што тоа би било предавство“, додава Ангелов.

„Сметам дека имаме големо влијание врз припадниците на безбедносните сили и, воопшто, нашето здружение го респектираат многу граѓани кои секојдневно ни даваат поддршка. ВМР��-ДПМНЕ, преку нејзините локални раководства, вршеше жестоки притисоци врз членови на партијата да излезат од ’Достоинство’ и да се зачленат во новоформирано здружение, но им пропадна обидот“, вели Ангелов, кој не ги штеди критиките кон власта. Тој вели дека се' уште оние што се бореа во конфликтот и останаа инвалиди или нивните семејства без своите најмили се соочуваат со тужби од власта, се' уште се бара од нив да ги вратат обесштетувањата, а голем дел од нив не добиле воопшто ништо. Затоа, на следните парламентарни избори, најавува Ангелов, нема да останат со скрстени раце и поддршка од многубројното членство на „Достоинство“ ќе добие само онаа партија која ќе им понуди реализација на нивните барања, на кои со години инсистираат, без оглед дали се работи за лева или за десна политичка опција.


#
Статијата е прочитана 932 пати.

Испрати коментар

Од: db
Датум: 02.07.2010 10:00:04
B R A V O S !!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:30:25
Neka im e so sreka, samo neka ne bidat kako ovie.
Од: bure
Датум: 02.07.2010 13:18:12
Koga mozea od UCK da se prekrstat vo DUI,sto ne bi mozele i ovie od Dostoinstvo da se storat edna politicka partija pa da gi gledame vo koalicija kako pravat vlada. Se gledaa preku nisanite mozebi so kafe muabet ke im trgne od raka da ja izvadat zemjava od kriza ili pak ke ja dozakopaat.

Најди! во Утрински
Политика
Радикалниот исламизам маршира
„Демос“ ќе живне наесен
Не го бојкотираме Уставен суд
Канцеларија за антикорупција
Синдикатот, Владата и работодавците во нова љубов