Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Македонскиот балет успешно танцува на италијанските сцени

Македонскиот балет, на турнејата низ Италија што е предвидено да трае два месеца, а која почна на 27 ноември во Торино со претставата „Лебедово езеро“, поминува мошне успешно кај италијанската публика. Досега претставите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“ и „Оревокршачка“, Балетот ги извел во Торино, Лече, Католика, Равена, Џенова, Сароно. Со некои од изведбите, како што известуваат од МОБ, Балетот предизвикал голем аплауз и бурни овации кај многубројната публика, а на нејзино барање балетските уметници биле вратени на бис.

„Не може да се опишува чувството да се настапи на вакви реномирани сцени, односно театри, во кои, пред се', се изведуваат претстави од светската балетска литература, театри што ги содржат сите технички перформанси за нивна изведба, а чувството да се настапи пред преполн салон со една-две илјада посетители е вистинско уметничко доживување“, велат македонските балетски солисти. „Со еден збор, Македонија слободно може да се гордее со Балетот при МОБ, а ние сме во својство на нејзини амбасадори“.

Во спомнатите претстави многу успешно настапиле нашите истакнати солисти: Мирјана Поп Алексова, Марија Кичевска, Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски, Дмитро Чеботар, како и другите солисти и Балетскиот ансамбл при МОБ и балетските уметници од академијата „Accademia Ucraina di Balletto“ од Милано, Италија. Како ексклузивен гостин на оваа турнеја е најавен балетскиот првенец од Киев, Украина, Виктор Шербаков, кој ќе настапи во неколку претстави во насловните машки улоги. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 324 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Повторно маестрален концерт
Наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ ми останува најдрага
„Или-или“ ја објави најновата книга na Шлинк
Кој пее зло не мисли
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary