|
|
|
|
|
|
„Или-или“ ја објави најновата книга na Шлинк
Само два месеца по оригиналното германско издание, во издание на „Или-или“ излезе најновата книга на Бернхард Шлинк. Станува збор за збирката раскази „Летни лаги“ со што македонскиот јазик (по германскиот) ќе биде првиот на кој ќе може да се прочита неговото најново дело што е ексклузивна појава во нашето издаваштво. Денеска книгата ќе се продава со намаление од 20 проценти.
„Летни лаги“ е петта книга на Бернхард Шлинк во издание на „Или-или“, по ремек делото „Читачот“, роман за кој доби врвни книжевни награди и признанија, прекрасната збирка раскази „Бегства од љубовта“ и романите „Враќање дома“ и „Викенд“, со кои докажува дека е еден од најдобрите и највозбудливите современи книжевни раскажувачи.
Според критиката, „Летни лаги“ е уште еден бисер на Бернхард Шлинк со кој го зацврстува своето место во врвот на светската литература. Во сржта на овие исклучително јасни, прекрасни раскази проткаени со меланхолија е нежното разоткривање на лагите во кои живееме. Во нив Бернхард Шлинк ни ги одзема сите илузии освен една: дека постои вистина.
Како да се ослободиш од прангите што те врзуваат за стариот живот кога една подоцнежна љубов ти ветува нов живот? Зошто еден млад човек и татко се обидува да ја скрие успешната сопруга од светот? Што го тера љубовникот постојано да ја лаже саканата за на крај да ја загуби – а и себеси во лагите? Дента кога престана да си ги сака децата... Така започнува приказната за една жена која сфаќа дека она што му давало смисла на нејзиниот живот веќе не му дава. Поаѓа во потрага по и го пронаоѓа човекот во кого била вљубена како студентка. Дали згрешила тогаш? Еден син сака конечно да дознае кој му е татко и да појде на пат со него. Човек со неизлечива болест организира заедничко лето со своето семејство за да го напушти животот додека се' уште е убав. Човек во авион ја слуша исповедта на својот сопатник - или можеби слуша купишта лаги? (Н.П.) |
#
|
Статијата е прочитана 455 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Sonja Abadzieva |
Датум: 13.12.2010 12:37:58 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: читател |
Датум: 13.12.2010 13:02:03 |
|
Честитки до ИЛИ-ИЛИ и ПРЕВЕДУВАЧОТ/ПРЕВЕДУВАЧКАТА на книгата чие име вие од „Утрински“ постојано заборавате да го споменете или тоа можеби ич не е важно? Знам дека ИЛИ-ИЛИ објавува книги преведени од оригиналниот јазик, а вие можеби се плашите да го споменете името на преведувачот за да не налетате на некои од тие конфекциски преводи од српски јазик (барем да се добри). Крајно нецивилизирано и непрофесионално известување за објавена нова книга. |
|
|
|
|
|
|
Од: nenad |
Датум: 13.12.2010 17:06:36 |
|
Преводот од германски е на Ксенија Чочкова. Пропустот е наш, на издавачот. Се извинуваме. |
|
|
|
|
|
|
|
|