Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Повторно маестрален концерт

Симон Трпчески, маестро Владимир Јуровски и Лондонскиот филхармониски оркестар испратени со овации

Тина Иванова

Така како што се очекуваше, така и бидна. Кристалниот звук на Лондонскиот филхармониски оркестар, магичните прсти на „граѓанинот на светот“, пијанист Симон Трпчески, и рускиот сензитивен уметник зад пултот, маестро Владимир Јуровски, направија концерт за паметење. Уште еден, по оној ланскиот со оркестарот на „Баљшој“ и Трпчески, но и по оној на Израелската филхармонија и Мехта од пред неколку години, кој ќе влезе во историските анали како еден од најистакнатите на македонското културно милје.

Почитувачите на симфониската музика знаат дека Лондонскиот филхармониски оркестар не е на нивото на Берлинската филхармонија, Виенската филхармонија или на амстердамскиот „Концертгебау“. Но, во тоа дека сепак, е еден од најдобрите во Европа, како што го класифицираат музиколозите, на некое четврто место, се увери и македонската публика во петокот вечерта присутна во неадекватниот амбиент за ваков вид настани, „Метрополис арената“.

Симфонијата бр.5 од Феликс Менделсон и Симфонијата бр.3 од Јоханес Брамс звучеа маестрално, јасно, чисто, прецизно. Играта со звучните бои беше длабоко промислена. Едноставно, симфоничарите сплетоа навистина убава пајажина од звуци која лебдеше над нашите глави. Заслугата за тоа секако, му се припишува и на младиот, атрактивен, талентиран диригент Владимир Јуровски, кој, како што и се гледаше, мошне занесен во музиката, се посветуваше на динамиката, на фразирањето, енергично обидувајќи се да го извлече најдоброто од оркестарот. Чиниш, да го гледаш само него, доволно е. Таква посветеност одамна не сме виделе, односно почувствувале. Со посебен младешки жар и ентузијазам звучеше вториот став од Симфонијата на Менделсон, а Брамсовата Трета можеби, најангажирано, стегнато, компактно.

Но, она што остави најсилен впечаток кога зборуваме за Јуровски, беше неговата комуникација со нашиот пијанист Симон Трпчески. Блиска, јасна, пријателска, таква каква што најверојатно треба да се оствари меѓу секој диригент и солист. Симон Трпчески, изведувајќи го заедно со оркестарот Концертот за пијано и оркестар бр.3 од Сергеј Прокофјев, уште еднаш, по кој знае кој пат, ја покажа својата виртуозност во секоја смисла. Технички набилдан, а секоја мисла, секоја нота беше промислена. Лесно поминувајќи низ пасажите, боејќи ги пијаната со најсуптилни нијанси, драматично обликувајќи ги фразите, се разбира не можеше, а да не побуди емоции и да не биде испратен со овации. Трпчески има специфичен однос кон руската музика, можеби зашто од таа школа и доаѓа, па логично е и секогаш кога ја изведува, тоа да го прави на најдобар можен начин. За награда на публиката, ја избра најновата композиција на македонскиот композитор Панде Шахов, која е обработка на „Се посврши сербез Донка“. Интересно видување на народната македонска, која Трпчески ја отсвире одлично, но таа не беше убедливо следена од оркестарот.

Она што остави црна дамка на целиот овој настан, беше вообичаеното доцнење на премиерот Никола Груевски. Вообичаено за фудбалски натпревар можеби, или за владини прес-конференции, но не и допустливо за настани како што е концерт на класична музика, особено кога на гости ни доаѓа врвен светски ансамбл, кога треба да се покажеме како добри домаќини, и каде што се разбира, концертацијата на публиката не треба да се наруши. Груевски како што знае и умее, со својата дрска ноншалантност влезе на сред концерт, односно на средината на вториот став од изведбата на Симфонијата на Менделсон. Наместо тој да биде пример како треба, зашто и голем дел од присутната публика е недоволно едуцирана за ваков вид на концерти, што најдобро покажа аплаудирањето меѓу ставови, премиерот го ��рави обратното. Нејсе. Можеби ќе се вразуми следниот пат. Втората сива дамка беше самата сала. Но, во недостиг од соодветен амбиент за слушање на класична музика, и чудно акустичната „Метрополис арена“ е понекогаш добредојдена. Зашто, ваквите ретки шанси не треба да се пропуштаат.


#
Статијата е прочитана 724 пати.

Испрати коментар

Од: Darinka P.
Датум: 13.12.2010 13:55:19
Avtenticna i dosledna recenzija! Preneseno tokmu kako sto i bese. Bravo za novinarkata!
Од: Itar Pejo
Датум: 13.12.2010 14:00:17
Sto se odnesuva do kulturata na premierot, on go potvrdi tvrdenjeto na opozicijata deka ako bese pokanet na "Lebedovo esero" ce dojdese vo kostum na kapenje. A bidejci koncertot se odrzuva vo nekava "Arena" normalno e deka ne ocekuval da prisustvuva na kulturen nastan.
Од: Goran
Датум: 13.12.2010 15:04:37
Itar pejo, vicot dedomi go kazuvase koga bev mal.
Од: Muzicar
Датум: 13.12.2010 15:35:31
Koncertnata kultura vo Makedonija e se uste na nisko nivo. Losata akustika, nesoodvetniot prostor i docnenjeto na premierot, samo potvrduvaat na koi nivo e Makedonija vo oblasta na klasicnata muzika. Vo onoj pravec se vklopuvaat i muzickite kriticari ili novinari (ako voopsto gi ima kaj nas), koi poveke gi interesira koj se prisustvuval na koncertot, otkolku da napisat muzicka kritika za izvedbata (isklucok e Tina Ivanova). Sto se odnesuva do rangiranjata na orkestrite, iako se raboti za neoficijani listi, na visokoto cetvrto mesto e rangiran LSO. Navistina me interesira koga i od kogo PLO e rangiran na cetvrto mesto! Jas licno dosega ama bas nikogas ne sum go sretna LPO vo prvite 20 svetski orkestri.
Од: mene
Датум: 13.12.2010 15:53:03
NE znam dali ke izleze ovoj moj komentar, no bi sakal da znam dali samo jas imam problem ili problemot go cuvstvuvaat site muzicki umetnici. Vo site vesnici se pisuva za bravuroznosta na maestro Simon, veruvam deka e taka, no jas bi sakal da se prasam kade se tuka mak. muzicki umetnici? :( Kolkavi sredstva se odvojuva samo na doaganje na nekoi gosti tuka kaj nas ( kolku kosta cela Londonska filharmonija)? Makedonija ima i drugi muzicki umetnici, ne treba narodnite pari da se trosat sekoja godina samo na Simon i negovite prijateli. Dosta e Ohridsko leto i skapite proekti vo Makeodnija, razmislete za varijanta da se napravi nekakov reciprocitet. Kulturop e familijarna agencija na maestro Simon, dosta e so iskoristuvanje na svoeto ime. Tolku od mene.
Од: Pejo Glupaviot
Датум: 13.12.2010 18:26:10
Pozdrav do "Goran". Genijalnosta na ovaa vlada e vo toa sto vicot na dedoti go napravi vistina. Ama, kako sto velel dedoti, posle sesti juli nema kaenje. A dali dedoti ti kazuval edna prikazna za strizenje ovci?
Од: Viki
Датум: 14.12.2010 03:19:20
Jas licno se ezam od monotonosta i povrsnosta na 'recenziite' na makedonskite novinari taka da nema da komentiram po sodrzinata na koncertot.No gledam i ovde politcki prepukuvanja po povod (bozem) na kasnenjeto na premierot. Kaj nas za zal taka se 'trenira mok' - koj sum jas!Ne deka toj nema muzicka kultura (ima koj da mu kaze) no kaj nas onie na vlast so toa ja demonstriraat svojata golemina. Kako za ilistracija: vo Juli/Avgust 2003 ili 4? koga Bage, golemiot bese MINISTER ZA KULTURA si dozvoli na kamerna pretstava na Saraevsko pozoriste vo arkadite vo predvorjeto na Sveta Sofija da kasni 15-20 min i koga se umlostivi da dojde na performans na SVOJATA FELA da insistira da sedi vo prviot red na stolcinaja sto moraa da mu se dovleckaat po kamenite ploci na predvorjeto.A za skripenjeto na stolot dodeka go smestuvase svojot debel gaz na stolceto i da ne zboruvam.Kolku da ne me stavite vo nekoe stado, jas glasav za taa garnitura.Posle toa se isseliv i za mene taa tortura na glasanje zavrsi

Најди! во Утрински
Култура
Наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ ми останува најдрага
„Или-или“ ја објави најновата книга na Шлинк
Македонскиот балет успешно танцува на италијанските сцени
Кој пее зло не мисли
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary