Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Се отвора пат за поголем број фирми во погребалната дејност

Советот на Скопје започна постапка за усогласување на погребалната дејност со новиот Закон

Сања Наумовска

Советот на Скопје не ја укина одлуката за градски гробишта од 1984 година, туку го продолжи нејзиното траење се' додека не се лиценцираат и започнат со работа управителот и операторите на градските гробишта во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров. Новата поставеност на управата и оперативното функционирање во оваа дејност се предвидени со Законот за гробишта, кој е донесен веќе една година и кој требало да почне да се применува уште пред 6 месеци.

Како што предвидуваат новите законски одредби, управителот и операторите во погребната дејност ќе треба да добијат лиценци од Министерството за транспорт. Со тоа ќе се оневозможи севкупната погребна дејност да ја врши еден субјект, како што беше случај со АД „Бутел“ досега. Законот дава можност за поделба на организацијата на погребот, на продажбата на погребна опрема, изработката на споменици и другите дејности да ги вршат различни субјекти, кои врз основа на условите што ќе треба да ги исполнат ќе добиваат лиценци. Улогата на локалната самоуправа, според Законот, ќе биде во давањето дозвола на лиценцираните оператори да работат на градските гробишта.

Иако неколкумина советници вчера изразија сомневања дека укинувањето на одлуката ќе значи правен вакуум, како и внесување хаос во погребната дејност, за градоначалникот Коце Трајановски тоа е прв чекор во средувањето на овој сериозен проблем. Трајановски не прецизираше дали новиот начин на работа ќе доведе до создавање на јавно претпријатие за погребални работи, но истакна дека укинувањето на монополот не значи и уништување на АД „Бутел“. Претпријатието ќе има можност да аплицира за лиценца во Министерството и да продолжи да ја врши својата работа според законските прописи.

„Решени сме да ставиме крај на еден проблем, кој постои веќе 20 години. АД ’Бутел‘ функционира без никаков контакт или контрола од Градот. Сега градската администрација има задача да работи на решавањето на сите проблеми поврзани со обезбедувањето нови локации за гробишта и со управувањето, со цел да се овозможи, ако не најдобро, барем нормално функционирање на гробиштата“, истакна Трајановски и информираше дека е можно градските гробишта да добијат и крематориум, со кој делумно ќе се реши проблемот со новите локации за гробни места.


#
Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар

Од: Od Orce Sazdov dilomiran profesor po geografija na Prirodno - Matematickiot Fakultet vo Skopje,RM.
Датум: 10.07.2009 05:09:12
Do kolku se sluci nesto ne sakano i nepredvidlivo jas ostavam testament do Utrinski Vesnik ,da moet telo bide preparirano i bide postaveno vo CRKVATA SVETI ILIJA VO OPSTINA AERODROM. POZZ ORCE MAKEDONSKI .
Од: Лу Цифер од Ад®
Датум: 10.07.2009 11:14:08
Ај, ај, ај... Колкав ли Луксуз ќе стане Умирачката??

Најди! во Утрински
Скопје
Патеките во паркот со ситна бела ризла
Решенијата за данок ќе се земаат од општините
Донација за народната кујна во Ѓорче
Саниран стариот Качанички пат