Граѓаните кои не ги добија своите решенија за данок на имот треба сами да ги подигнат во период од 15 до 23 овој месец во општините каде што живеат. Пунктовите ќе бидат лоцирани во сите десет скопски општини, а решенијата ќе ги издаваат претставници на „Глобекс“ ДОО – Скопје преку „Глопко логистика“.
Во Општина Центар граѓаните ќе можат да дојдат во период од 10 до 19 часот, во барака број 4, додека во Карпош решенија ќе се издаваат во барака број 7, од 8 до 16 часот. Ѓорче Петров решенија ќе ги издава на улица „Шидска“ бб, во близина на Пожарната, во урбаната месна заедница, од 10 до 19 часот. Во Чаир граѓаните ќе можат да се обратат во зградата на Општината, а во Кисела Вода, пак, во општинската барака број два, од 10 до 19 часот.
И општините Аеродром и Бутел ќе издаваат решенија за данок на имот во општинските простории, исто така, од 10 до 19 часот. Во Гази Баба, во рамките на едношалтерското функционирање, документи за данок може да се подигнат од 7,30 до 15 часот, додека во Шуто Оризари и во Сарај во просториите на општините, од 10 до 19 часот. (С.Н.)
Periodot od 15 do 23o.m.e kratok za podiganje na resenijata.Sega e vreme na odmori,i ako vo toj period covek e na odmor sto stanuva so resenijata?kade ke treba da se baraat?
Од: Ајван Доктор
Датум: 10.07.2009 11:17:58
Толку од бајките за Едношалтерски систем и брза, но функционална администрација! Со толкава Масивност, Арогантност, Простаклук, Неписменост и Аматерство, не може да се пофали ниту една друга администрација во светот!
Од: trajan
Датум: 10.07.2009 15:38:23
Почитувани од Утрински весник(СН)
Ве молам детално да ги проучите моите прашања во врска со данокот на имот и да ми одговорите во некој следен ваш напис:
1.Зошто да плаќам данок кога немам имотен лист(имам куќа дивоградба стара 30 години), односно според законот:
2. За пријавување данок на имот потребна е даночна пријава (пополнета), со уплата на административна такса од 50,00 денари (тарифен број 1) и доказ за сопственост (имотен лист, договор за продажба, договор за подарок )
3.Зошто одборниците-кленовите од Ѓорче Петров одлучиле нибните граѓаните да плаќаат највисок данок во РМ
4. Даночната стапка за данок на имот утврдена со одлуки на Градот Скопје и сите општини на Град Скопје изнесува 0,10%, освен за имотот во општина Ѓорче Петров каде изнесува 0,15%.
Одборниците – кленовите од Ѓорче нека го симнат данокот и на граѓаните нека им дадат имотни листови.Во Европските земји секој кој поседува имот повеќе од 20 години добива имотен лист без никакви давачки.Проверете?
Од: Стојко
Датум: 10.07.2009 17:21:44
Цитирам: "Пунктовите ќе бидат лоцирани во сите десет скопски општини, а решенијата ќе ги издаваат претставници на „Глобекс“ ДОО – Скопје преку „Глопко логистика“."
Дали спомнатите фирми ке земат пари за моето одење до општината и чекање ред?
Ај да не прашувам , ке си кажам: Јас немам намера за мои пари да одам таму нити било каде. ТОЧКА