Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Саниран стариот Качанички пат

Општина Бутел ја заврши санацијата на стариот Качанички пат во населеното место Визбегово. Обновен е најруинираниот дел од патот во должина од 500 метри. Од Општина Бутел велат дека стариот Качанички пат е главна сообраќајница во индустриската зона на Визбегово и исклучително значајна за нормалното функционирање на стопанските објекти, кои се лоцирани по целата негова должина. Надлежните информираат дека десно од Качанички пат е пробиен и тампониран нов пат во должина од еден километар, покрај кој минува делницата на новиот водовод, што деновиве беше завршен во Визбегово.

Од Општината најавуваат дека на десната страна од стариот Качанички пат наскоро ќе се реконструира и постојниот селски пат, а се планира да му се даде статус на локален пат. Тој ќе биде еден од петте во Општината и ќе ја поврзува индустриската зона со селото, а воедно и Општина Бутел со Шуто Оризари и Чучер-Сандево. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 254 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Се отвора пат за поголем број фирми во погребалната дејност
Патеките во паркот со ситна бела ризла
Решенијата за данок ќе се земаат од општините
Донација за народната кујна во Ѓорче