ШЕНОН ДОЕРТИ
Гадење од порноснимката на екссопругот
Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, Шенон Доерти, го изразила своето гадење од порноснимката на Парис Хилтон под наслов „Една ноќ во Парис“. Реакцијата на Доерти е логична со оглед на фактот дека нејзиниот поранешен сопруг Рик Саломон, со кого беше во брак во 2002 година, е главниот машки лик во фамозното видео што го обиколи светот.
„Гледав што направил Рик со Парис и си помислив колку е лигаво и одвратно сето тоа. Никогаш не сум знаела да изберам соодветен маж, но она што го имавме јас и Рик беше прекрасно. Никогаш никој не умеел да ме насмее како него, а јас бев вљубена до уши. Тоа навистина беше тежок брак, а кога се' беше готово, срцето ми беше скршено на парчиња“, изјавила 37-годишната Доерти, која и покрај се', не жали за бракот со Рик.
Шенон ја искористила приликата и да прозборува за причините поради кои одлучила да не настапи во новите продолженија на серијата што ја прослави во деведесеттите „Беверли Хилс“.
„Имаше моменти кога ја мразев Бренда, а имаше моменти и кога во неа ги гледав добрината и ранливиот карактер. Сметав дека е лик кој поради големата страст кон животот ќе стане одлична актерка, но не некој со кого би сакала да пијам кафе“, признала Доерти. |