ЧИЧОЛИНА
Победа во спор на европскиот суд
Европскиот суд за човекови права одлучил дека италијанскиот суд не направил грешка, ниту го прекршил законот, со тоа што старателството над синот од бракот со Џеф Конс и' го доделил на Чичолина, поранешна порноѕвезда и кандидатка за пратеник.
Конс и Сталер, позната како Чичолина, се бореле за старателство над синот уште од 1994 година, при што тој тврдел дека италијанските власти ги погазиле неговите права, бидејќи синот и' го дале на мајката и забраниле посети во САД, каде што Конс моментално живее.
Судот во Стразбур не се согласил со жалбата на Конс и потврдил дека италијанските власти ги вложиле сите напори да ги заштитат интересите на детето во толку тешка ситуација, со оглед на тоа дека двете страни биле во постојан конфликт. |