Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора стра��ица

Техничка помош од ЕУ за администрацијата

Фу��ре го читаше десет минути списокот со забелешки од ЕК за реформите во јавната администрација

Тамара Грнчароска

Со списокот забелешки содржани во извештајот на ЕК, амбасадорот Ерван Фуере вчера ја презентираше техничката поддршка во вредност од еден милион евра за ИПА-центарот за обуки, кој ќе помогне да се завршат реформите во јавната администрација. Иако извештајот нотирал напредок во одредени сегменти на реформите, Фуере десет минути наведуваше што се' не е завршено. Меѓу другото, натамошната политизација на јавниот сервис, смената на обучените професионалци со луѓе со лимитирано искуство, непочитувањето на критериумите при вработување, непропорционално високата бројка на привремено вработени во јавната администрација надвор од законската регулатива и нивно трансформирање во постојани и нефункционирањето на центар за обука на јавната администрација. ЕУ од Владата бара особена посветеност за добра имплементација на овој проект. За проектот е обезбеден фонд од околу еден милион евра, тој почна да се спроведува во јуни 2010 година, а ќе трае 24 месеци. Досега е спроведена обука на 36 обучувачи, од вкупно предвидените 1.000 службеници од државната и од јавната администрација, како и претставници од цивилното општество и од бизнис-секторот.

Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, одговарајќи за критиките од Фуере за реформите, рече „забелешките ги разгледуваме многу сериозно и почнавме со активности за нивна елиминација“. „Доколку реформите се спроведеа пред 10-15 години денес ќе имавме значително поефикасна и попрофесионална администрација“, обвини Наумовски. „Оваа Влада има намера целосно да ја реформира администрацијата, да ја направи да функционира според највисоките европски стандарди и нема намера да ја злоупотребува за политички цели, како што тоа било случај во минатото“, рече Наумовски.

Наумовски, одговарајќи на новинарските прашања, рече дека единствен проблем што стои меѓу членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ е однесувањето на една држава-членка и оти тоа е неевропско. Според него, и покрај тоа Грција не може да ги спречи реформите во Македонија. Тој, алудирајќи на Самитот на НАТО во Лисабон, кој не донесе ништо ново за Македонија, рече дека „и покрај исходот, кој е можен и во декември на Европскиот совет, и натаму ќе ги спроведуваме реформите потребни за исполнување на критериумите од ЕУ“.

Фуере се' уште не ги пакува куферите

Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера одговараше на критиките околу тоа кој е службен јазик во земјава. По протестот на некои од албанските партии на неговата изјава дека се знае кој е службен јазик во земјава - македонскиот, со контрааргумент дека и албанскиот е службен, тој рече дека „на сите што го прочитале Охридскиот договор им се јасни правилата - јазикот на оние заедници што се над 20 проценти од популацијата, е официјален јазик“.

На прашањето каква оцена би си дал за своето амбасадорување на крајот од својот мандат во Македонија, Фуере одговори: „Се' уште не сум почнал да ги пакувам куферите и се' уште има време за тоа“.


#
Статијата е прочитана 748 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 23.11.2010 16:48:59
Портокаливе кај нас имаат оргинална метода како да го решат прашањето на прекубројната , јалова администрација ( која патем самите ја удвоија )?! Со самото прекубројно вработување таму , ќе дојде ден кога самата администрација ќе се ИЗЕДЕ МЕЃУ СЕБЕ за столче , работна маса, плата и сл. , па така самата ќе се самоуништи..Оргинално , нема што ...

Најди! во Утрински
Втора страница
Приватни лопати
Вербатим
Сопругата на Расмусен го пофали Треневски
Вашингтон чека иницијатива од Македонија
Белгискиот премиер лично ќе протерува азиланти
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial